Контакт

Daily news

Кој е клучот за среќа на секој хороскопски знак?

Објавено пред

ОВЕН
– Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика.
– Без разлика што ќе ви кажат другите, ако навистина нешто сакате, работете на тоа затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете.
– Распоредете ги своите приоритети и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Воопшто не се трудете околу нешто што не е вредно за внимание.
– Секој ден прошетајте, возете велосипед или слично – потребно ви е движење бидејќи во спротивно ќе бидете уморени.
– Не се срамете од своите „бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.

dobivaj vesti na viber

БИК
– Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија.
– Не пропуштајте ги шансите да си угодите себеси, строго одредете си го времето за уживање и времето за работа.
– Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите за да ги сфатите подобро.
– Сфатете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
– Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот.

БЛИЗНАЦИ
– Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзеливи кога се во прашање овие работи.
– Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија.
– Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година.
– Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува.
– Не задоволувајте се со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа.

РАК
– Помалку озборувајте и не движете се во друштво кое не ви одговара бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер.
– Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни.
– Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмораат – вам ви треба рутина.
– Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри.
– Гответе и уживајте во добрата храна.

ЛАВ
– Не извинувајте се  затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување – најдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.
– Не прикривајте ги своите фрустрации бидејќи така тие ќе излезат десет пати посилни, а вие ќе испаднете незрели. Секогаш треба да бидете директни и искрени.
– Не заземајте го последното место на работа бидејќи нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто.
– Ослободете ја својата страст и енергија – без разлика дали тоа ќе биде низ спорт, уметност, танцување, музика.
– Почесто дружете се и пробајте да водите активен друштвен живот со различни луѓе.

ДЕВИЦА
– Помагајте им на луѓето околу сѐ – со тоа важбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.
– Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови во животот.
– На работното место не ги земајте работите на срце, стекнете искуство и барајте нешто ново ако сте незадоволни.
– Не се плашете поради прекинување на лошите односи, посилни сте отколку што мислите.
– Најдете домашно милениче, тие за вас се голема утеха.

ВАГА
– Уредете го својот дом, работата и автомобилот бидејќи околината има големо влијание на вашето расположение.
– Научете да кажете „не“ и одбивајте ги луѓето кои тоа го заслужиле. Тоаа воопшто нека не ви биде непријатно.
– Не затворајте се во четири ѕида, потребни ви се луѓе како што на растенијата им треба сонце.
– Намалете ги посесивноста и љубомората бидејќи тие ве прават огорчени.
– Занимавајте се со она што го сакате – со тоа од далеку ќе стигнете.

СКОРПИЈА
– Бидете посветени на себе и своите желби. Не  водете се од другите, преголемите прилагодувања кај вас можат да разбудат бес, прекинување на односите и депресија.
– Отворете се кон другите наместо само да слушате, споделувајте ги своите мисли.
– Верувајте во својата интуиција, многу често таа е точна, без оглед на околностите во кои се наоѓате.
– Не плашете се од негативните емоции бидејќи тие служат како издувен вентил.
– Јадете здраво и избегнувајте ги пороците – тие ви се слаба точка.

СТРЕЛЕЦ
– Зборувајте отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа.
– Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од животната фаза.
– Задолжително воведете си некоја редовна физичка активност во животот, движењето ви е неопходно.
– Помалку внимание посветувајте на материјалното и немојте да се оптоварувате со работи кои воопшто не ви се потребни.
– Не согласувајте се на помалку во љубовта – подобро бидете сами бидејќи љубовта ќе ви дојди кога најмалку ќе очекувате.

ЈАРЕЦ
– Во секоја работа и задача давајте сѐ од себе, ќе постигнете сѐ што ве прави вистински задоволни.
– Градете го својот карактер и искушувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и почнете да вежбате.
– Немојте да се плашите да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време сами со себе.
– Вежбајте спонтаност без планирање, допуштете си го себеси она што срцето ви го сака.
– Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар човек и се враќа.

ВОДОЛИЈА
– Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план кон кој ќе се држите и обидете се да штедите – така ќе се чувствувате поодговорни.
– Не менувајте ги пријателите пречесто и ценете ги луѓето кои ве сакаат, возбудата од новите пријателства често ви ја заматува перспективата.
– Потребна ви е поголема физичка активност – како трчање или нешто што целосно ќе ве исцрпи.
– Не бегајте од проблемите – тоа е ваша најголема маана.
– Чувајте се од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот.

РИБИ
– Бидете отворени за нови искуства, без разлика дали станува збор за патувања, врски и работни понуди.
– Слушајте ги другите и дајте им совети, поради тоа многу ќе ве ценат.
– Не обидувајте се премногу да им угодувате на другите, посебно на љубовниот партнер, со тоа можете да го изгубите чувството за сопственото „јас“.
– Вежбајте одговорност и задајте си задачи кои ќе мора да ги исполните.
– Во стресни ситуации не бегајте, туку соочувајте се со проблемите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Македонија2 часа

Филков ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен...

Топ3 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија4 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија4 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија6 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа7 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија7 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија8 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија8 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет8 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет8 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа10 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа10 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа10 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија20 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...