Daily news
Кој јазик ќе доминира во иднина?
Можеби на прв миг ќе помислите дека англискиот јазик е јазик што доминира и што ќе доминира во иднина, но врз основа на деталните анализа, тој по бројот на лица што го говорат се наоѓа на третото место.
Комбиниранирте кинески дијалекти имаат повеќе изворни говорници од било кој друг јазик во светот, а по него следат хинду и урду што имаат исто јазично потекло во северна Индија. Потоа следи англискиот јазик со 527 милиони изворни говорници. Арапскиот како мајчин јазик го оговрар речиси 500 милиони луѓе, а шпанскиот 389 милиони.
Врз основа на овие податоци се поставува прашањето кој јазик ќе доминира во иднината?
Предвидувањата варираат во зависност од локацијата и намерата, но еве некои начини на кои може да му се пристапи на ова прашање.
Сакате да заработите пари на растечките пазари?
Бразил, Русија, Индија и Кина се сметаат за пазари со најбрз развој на економијата. Со самото тоа хинди, бенгали и урду јазиците до 2050-тата ќе доминираат во светот на стопанството, а ќе ги следат шпанскиот, португалскиот , арапскиот и рускиот.
Сакате да се разберете со повеќе луѓе?
Германскиот лингвистички експер Улрих Амон кој спровел 15-годишно истражување на јазици ги издвојува кинескиот, шпанскиот и францускиот како јазици со кои можете да се разберете со најголем број луѓе во светот.
Сакате да го обиколите светот, но говорите само еден јазик
Оваа мапа го прикажува бројот на земји во кои се говорат одредени јазици, но треба да бидете внимателни, затоа што во некои земји луѓето ги знаат јазиците но не доволно добро.
Сакате да читате книги од странски автори
Групата интернационални истражувачи неодамна анализирала преводи на 2,2 милиони книги низ целиот свет и дошле до следните откритија.
Книгите од Азербејџан (односно од земјите означени со зелени кругови) речиси секогаш ќе бидат преведени на руски јазик.
Од руски јазик, поголемиот број книги ќе бидат преведени на англиски, а истото важи и за книгите од француското, германското, италијанското и холандското говорно подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.