Daily news
Кој ќе ги брани осомничените и обвинетите од СЈО, договорот на адвокатскиот тим на Додовски истекува на 30 јуни?
Договорот на тројцата адвокати што му помагаат на адвокатот Никола Додовски во сите предмети поврзани со Специјалното јавно обвинителство истекува на 30 овој месец, денот кога завршува рокот од 18 месеци во кој СЈО може да поднесе обвиненија. Тие не знаат дали ќе биде продолжен и ќе работат како тим или, пак, некој од нивните клиенти ќе ги ангажира посебно. Ова за Макфакс го изјави скопскиот адвокат Боро Тасевски и поранешен претседател на Кривичниот суд, кој е дел од тимот, заедно со колегите Сања Алексиќ и Петар Василев, кој му помага на Додовски во неколку случаи.
По повлекувањето на Никола Додовски од одбраната на повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ во предметите кои ги води СЈО, нов адвокат на Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК, ќе биде адвокатот Љупчо Шврговски, кој на јавноста ѝ е познат како поранешен јавен обвинител.
Шврговски, како што изјави за медиумите, во конкретните предмети влегува на местото на Додевски, но нема информација дали неговиот колега нема да ги брани и другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Првиот човек на Адвокатската комора во Македонија и еден од најангажираните и најплатени адвокати во земјава, е повикан како сведок во случајот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Адвокатот Никола Додовски денеска не беше достапен за коментар.Наместо одговор, добивме автоматска порака дека „не може да одговори бидејќи е зафатен“.
Тасевски, пак, со одговор: „Немаме информации што ќе се случува понатаму. Нас како соработници во тимот ни е битно да го испочитуваме договорот со Додовски до крај. Но, дали ќе продолжиме соработката и натаму или, пак, ќе нè ангажира некој друг посебно, ќе видиме натаму“.
Тасевски и неговите двајца колеги беа дел од петчлената екипа што му помагаше на Додовски во случаите поврзани со СЈО. Но, во меѓувреме двајца адвокати,од кои едниот од Охрид, се повлекоа од тимот. Во отсуство на Додовски-Тасевски, Алексиќ и Василев беа бранители на првообвинетиот во случајот „Тврдина1“, Горан Грујовски, кој неодамна почна со главна расправа во Кривичниот суд, а чие продолжение е закажано на 3 јули, во 11 часот.Адвокатската тројка може да се види и кога високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ се појавуваат на распит во СЈО, или да направат увид во доказниот материјал.
Г.Дувњак
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.