Daily news
(Видео) Лазовски: Пратениците да ги вратат парите наместо да си ги зголемуваат патните трошоци
Даночниот експерт Славко Лазовски во интервју за „Макфакс“ изјави дека надоместокот за одење и доаѓање на работа што го примаат пратениците е спротивен на неколку закони, првенствено на Законот за работните односи. Според него, земените пари по основ на патни трошоци треба да ги вратат во буџетот наместо да си ги зголемуваат парите по оваа ставка. Тој порачува пратениците да донесат нова одлука со која ќе ја укинат старата од 2009 година, со која самите си дале привилегија да добиваат надомест за патни трошоци.
„Во согласност со Законот за работните односи овој надомест за вработените е укинат пред десетина години. Практично, надоместот за превоз и храна на вработените се спои со бруто-платата. Да го тргнеме законот настрана, сепак за Собранието важат одредбите од Законот за извршување на буџетот. Со досегашните одредби од него за пратениците не се предвидува надомест за овој вид трошоци. За да го остваруваат ова право, тие во 2009 имаат донесено одлука на собраниска комисија. И со таа одлука тие си дале право на патни трошоци“, објаснува Лазовски.
30 отсто од цената за потрошен литар бензин, како што им се плаќа на пратениците, е дел од Законот за исплата на платите и надоместоците, донесен уште во 90-тите години. Лазовски тврди дека ова е спротивно на Законот за работните односи, но и остава простор за многубројни манипулации.
„Вработениот не може да користи сопствено возило како оправдание дека дошол на работа. Единствено, пари за потрошен бензин може да добие доколку работодавецот му дал налог да заврши одредена задача“, вели Лазовски.
Тој додава дека во случајот со потрошените пари за трошоци треба да се вклучат и Упрвата за јавни приходи и Државниот завод за ревизија.
Лазовски додава и дека доколку пратениците примаат надомест за патни трошоци, не треба да бараат пари за одвоен живот затоа што овие трошоци се исклучуваат едни со други.
Г.Д.М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.