Контакт

Daily news

Македонија користи токсичен инсинератор за горење отпад за кој „Гардијан“ предупредил во 2001

Објавено пред

Со наслов Велика Британија со токсичен подарок за Балканот“ весникот „Гардијан“ уште во 2001 година пишува за инсинераторот што ѝ бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, кој ги прекршува стандардите на Европската Унија и би бил нелегален во Британија. Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла“ е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје за „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

Британската влада го доделила инсинераторот како хуманитарна помош и тој, според сторијата, се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Текстот напишан уште пред 16 години почна масовно да се споделува денеска на социјалните мрежи кај домашните корисници и повторно предизвика реакции на загриженост за високото ниво на загадување на воздухот.

„Доколку земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева, инсинераторот би морал да се затвори бидејќи е опасност за мештаните и ги прекршува стандардите на ЕУ. Инсинераторот е еден од неколкуте обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниеден не ги задоволува стандардите на ЕУ“, пишува „Гардијан“.

Весникот го цитира Адам Островски, експерт за менаџирање токсичен отпад, кој во својата изјава вели: „Ова е едно од најлошите парчиња валкана технологија маскирано како помош што сум го видел во Источна Европа“.

Островски рекол дека базичната опрема била функционална, но ѝ недостигаат важни додатоци за одржување еднакви температури или, пак, есенцијалнa опрема за чистење отпадни гасови за отстранување токсини, кои би можеле да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

„Навистина сум изненаден дека британската влада се вклучува во вакви практики“, вели Островски. „Ваквата технологија е нелегална во Западна Европа. Едноставно, не е праведно дарежливо да им се даде на Македонците знаејќи дека ќе има токсични емисии и потоа ќе биде укинат кога ќе влезат во ЕУ. Треба да се засрамат“, гласи изјавата во текстот.

Министерството за животна средина: Инсинераторот е во склоп на „Дрисла“

„Сегашниот инсинератор, кој е поставен во склоп на депонијата ‘Дрисла’, е донација од британската влада“, потврдија од Министерството за животна средина за „Макфакс“.

Според портпаролката Беса Татеши, овој инсинератор е единствен во земјата. Планирано е да се постави нов, но засега не се знае кога тоа ќе се случи.

„Свесни сме дека самиот инсинератор не ги исполнува стандардите што се очекуваат и кои треба еден инсинератор да ги исполни, понатаму, во согласност со интегрираната еколошка дозвола што ја имаат во ‘Дрисла’, планирано е да се постави нов инсинератор, кој ќе биде современ и изграден и ќе работи во согласност со стандардите“, ни изјави Татеши.

И од Градот Скопје велат дека инсинираторот што е во функција на депонијата е донација од Велика Британија и тој е сè уште во употреба.

„Град Скопје очекува по одлуката на Управниот суд да се затворат прашањата за понатамошното стопанисување со депонијата, па потоа да се реши прашањето за набавка на нов инциниратор кој би ги задоволил и еколошките стандарди и би остварувал и други бенефити за здравјето и благосостојбата на граѓаните“, велат од Град Скопје.

Неодамна депонијата „Дрисла“ беше казнета со со 8.500 евра кога беше констатирано дека не ги почитува протоколите за горење медицински отпад. Медиумите и претходно низ  годините пишуваа за тоа дека инсинераторот не ги исполнува стандардите и постојано се повторуваат најави дека се планира негово менување. Неодамна и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека постојат сериозни индиции за криминал на депонијата „Дрисла“, како и шпекулации дека таму се гори секаков вид отпад, но и дека институциите треба посериозно да му се посветат на овој проблем.

Кристина Озимец

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет14 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија14 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија15 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ17 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ17 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија18 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија19 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија20 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет21 час

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија21 час

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа23 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет23 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа23 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион24 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет1 ден

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија1 ден

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија2 дена

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија2 дена

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...