Контакт

Daily news

Макрон – новото посакувано лице на Франција?

Објавено пред

Без ниту една политичка партија што ќе го поддржи, 39-годишниот Макрон, поранешен инвестициски банкар и поранешен министер за економија, може да стане најмладиот претседател на модерна Франција.

dobivaj vesti na viber

Неговиот профил е инсајдерски, но неговата политика е аутсајдерска. Ако Макрон успее да стане претседател, неговиот прв предизвик ќе биде да го продаде производот што во голема мера е непознат за речиси сите – себе си!
Во последните денови пред претседателските избори во Франција вчера, Емануел Макрон газеше по снегот на планините во близина на границата со Шпанија, на крајот од неговата предизборна кампања, во близина на малото село каде што баба му и дедо му некогаш живееле, Алиса Џ. Рубин во „Њујорк Тајмс“ го започнува портетот на претседателскиот кандидат.
Во исклучително тесната трка, ова беше неверојатно место за завршна кампања на еден кандидат, каде што има малку гласачи. Подоцна Макрон ова го опиша како „аџилак“ за да ја покаже својата човечка страна, како одраз на неговата врска со „terroir“ – местото од личната биографија – на што француските гласачите би можеле да се уловат.
Овие избори се референдум за иднината на Европа. На екстремната десница Марин Ле Пен се заканува Франција да ја изнесе од Европската унија. Спротивно на тоа, Макрон е фанатично проевропеец и се портретира речиси како на анти-Ле Пен.
Пред вчерашните избори Макрон и Ле Пен беа премногу блиску на анкетите. Но, тој беше охрабрен од фактот дека повеќе од половина од француските гласачи се изјаснија за кандидати различни од тие што доаѓаат од традиционалните, големи политички партии.
Независниот Макрон започна ново политичко движење, En Marche!, што значи „Напред“ или „Понатаму“, кое се полни со подржувачи од двете страни на политичкиот спектар. Тој ја става на коцка неговата постпартиска филозофија што се совпаѓа со националното расположение.
Но најпаметното дете во класот не е секогаш оној кој победува. Иако тој веќе се има проверено во речиси секоја област потребна за успешна кариера меѓу француската елита, Макрон всушност нуди промени што ќе ги оттргнат стравовите во Франција.
Во вториот круг од изборите Ле Пен ќе биде политичкиот чувар на зачувана или обновена носталгична (критичарите велат старомодна) визија на Франција и политичарката која го оживува национализмот и е заговорник на антимуслиманските чувства. Таа го прошири нејзиното движење со критика на глобализацијата – Европската унија, губењето на француските работни места и приливот на мигранти.

Сам против естаблишментот
Макрон е кандидат кој е противник на естаблишментот. Тој ги напаѓа светите крави – пензиските бенефити, заштита на вработените – но со едното око е свртен кон создавање на Франција поотворена за бизнисот, а воедно тврди дека ќе ја зачува нејзината социјална сигурност. Многумина се прашуваат дали тој навистина ќе биде во можност да ги направи и двете работи во исто време.
И покрај политичките ризици, Макрон со гордост ја подржа непопуларната Европска унија, и проповедаше толеранција кон имигрантите и муслиманите кои никогаш не биле сакани во Франција, а уште помалку по терористички напади во 2015.
Сепак, тој успешно допре до многу гласачи, и покрај тоа што е „неидентификуван политички објект“, како што го опиша Pascal Perrineau, професор по политички науки на Sciences Po во Париз.
– Ова е човек кој, секако, ја започна својата кариерата во Социјалистичката партија, но тој вели дека не е центрист – вели Perrineau. Сепак, „тој е, како што вели тој, и од десно и од лево, а тоа е изум што нашето политичко семејство не го видело порано“.
Посетата на Бањер де Бигор – речиси четири години откако бабата на Емануел Макрон умрела – беше шанса за кандидатот дополнително да се дефинира. Воедно, и искрено и стратешки, екскурзијата беше обмислена да го прикаже како некој кој има корени во „реалната“ Франција, земја на селата и работливото рурално население.
„Ова патување буди спомени, мојата сакана баба и дедо ми ме одгледуваа со години во Бањер де Бигор, да одам, да трчам, да учам како да возам велосипед, да се скијам, да бидам вкоренет во нашата земја“, рече тој пред насобраните 5.000 луѓе.

Брижит и Емануел Макрон

Претприемач со либерален дух
Роден и израснат во Амиен, околу 112 километри од Париз, Макрон е најстар од трите деца. И двајцата родители се доктори. Посетувал парохиско училиште основано од Језуитите. Кога имал 15 години, тој ја сретнал Брижит Троње, наставничка по француски јазик и драма во која се вљубил. 24 години постара од него, таа се обидела на почетокот да го обесхрабри, но тој бил одлучен и на крајот таа била освоена.
Во документарецот емитуван на телевизијата „Франс 3“, таа се сеќава на годината кога отишол да го заврши средното училиште во Париз, во престижната „Lycée Henri IV“. „Тој ми се јавуваше цело време“, раскажа таа. „Ние трошевме часови на телефон. Малку по малку, тој го кршеше мојот отпор на начин кој беше неверојатен – со трпение“., вели Брижит Троње
Таа на крајот се разведе од нејзиниот прв сопруг и татко на нејзините три деца. Едно од нив, ќерката, работеше во кампањата на Макрон. Ученикот и неговата учителка стапија во брак во 2007.
Нивната љубовна врска е вид на смелост што го дефинира животот и кариерата на кандидатот за претседател. Неговата пат, неговиот фокус и неговата подготвеност на прескочи во земја каде што успехот се гради чекор по чекор го прави повеќе да личи на претприемач, на кои тој им се восхитува, отколку на типичен политичар.
Завршувањето на врвни школи, како што се Sciences Po и the École Nationale d’Administration, му овозможија на Макрон да добие посакувано место во елитното тело за ревизија во Министерството за финансии пред да замине да работи во инвестициската банка Rothschild & Company.
Иако знаел малку за инвестициското банкарство, за четири години во банката Емануел Макрон бил унапредуван од директор до извршнен директор. Тој заработил речиси 2,9 милиони евра во тие години, според пријавените приходи кога бил министер за економија.
Bо 2014 година, на 36 години, тој бил назначен за министер за економија од сегашниот социјалистички претседател на Франција, Франсоа Оланд. Негово значајно достигнување било усвојувањето на она што стана познато како Макронов закон, некаква низа на економски политики главно дизајнирани за да се намали бирократијата и пазарот да стане пофлексибилен.
Тие кои тесно соработувале со него, и во владата и во приватниот сектор , се речиси подеднакво импресионирани од неговиот начин на разбирање и посветеност, иако понекогаш останувале изманипулирани.
Франсиз Веркаме, член на централно-десничарска унија на демократите и независните, има малку пподруго мислење за него, вели „не сакам да кажам дека тој е нечесен, бидејќи тоа не е вистинскиот израз, но, за некој кој доаѓа на приватна средба и вели: „Ова е добро“, а потоа доаѓа на јавен собир и не ве поддржува и не ја објаснува причината, не е достоен претставник на Републиката“.
Идејата за тоа што претставува Макрон како кандидат – нов амалгам на пробизнисот и поборник на социјалната помош, со еден оптимистички поглед на иднината на Франција – често се чини дека повеќе инспирира отколку самиот Макрон.
Тој е критикуван дека е технократ, апстрактен, и дека понекогаш има недостаток на емпатија.
Една епизода минатата година за време на посетата на еден настан во јужниот дел на Франција кога Макрон беше прекинат од страна на 21-годишен активист на синдикатот во црна маичка , се чини дека симболична.
Младиот човек довикна на убаво облечениот поранешен банкар дека тој нема „ниту денар да плати за костум како неговиот“.
Макрон одговори: „Најдобар начин да се плати за одело е да се работи“.
„Јас работам од 16 годишна возраст“, човекот возврати, и како што народот вели, му го покажа на Макрон неговото место.
Политичките предлози на претседателскиот кандидат се нападанати како нејасни и тешко се дефинираат политички, особено за земја која размислува во поглед на политиките строго лево и десно. Но, за другите, тоа е привлечното кај него.
За ЕУ

Жак Атали, економист, писател и долгогодишен советник на француските политичари, изјави дека голем број на идеи на Макрон беа фалсификувани во работата на престижната економски непартиска комисија што е формирана од десноориентираниот претседател Никола Саркози.
– Идејата за таа Комисија беше да работи независно од левите или десните, или од двете страни, но таа не направи ништо – рече Атали, кој беше претседател на комисијата. Прифаќање на двопартиска соработка може да резултира со тоа што ниту една страна нема да има доверба во него.
– На свој начин, левите не веруваат во него; на нивен начин, десните не веруваат во него – вели Фредерик Мартел, добро познат писател за политиката и културата, кој исто така е домаќин на популарната радио програмата на „France Culture“.
Сепак постојат многу луѓе кои му веруваат, особено меѓу урбаните, образовани и релативно млади луѓе.
– Тој има некој вид на слободен дух, кој може да се види во изборот што тој го прави – вели Амели Кастера, долгогодишна пријателка на Макрон, која студирала со него на École Nationale d’Administration и сега се наоѓа на висока позиција во АКСА, француски осигурителен гигант.
„Тој ја има слободата што доаѓа од неговата верба во својата судбина“, рече таа.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија3 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија4 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ5 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија6 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ6 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет6 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија7 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет7 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет7 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет8 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет8 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ21 час

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија23 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија1 ден

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...