Daily news
Мамиќ: Бандити! Не знаете што правите, Модриќ е маченик

Здравко Мамиќ, долгогодишниот претседател на Динамо Загреб и менаџер на најголемата хрватска фудбалска ѕвезда Лука Модриќ, на вонредна прес-конференција рекол дека на играчот на Реал му бил „приреден медиумски линч“.
Мамиќ вонредната прес-конференција ја свика по повод сведочењето на Лука Модриќ пред судот во Осиек, кога рекол дека потпишувал сè што му давал менаџерот.
Ден по сведочењето обвинителството поведе истрага против Модриќ, поради „лаѓно сведочење во корист на Мамиќ“.
„Лука реше дека трансферот во Тотенхем изнесуваше помеѓу 21 и 23 милиони евра. И некои веднаш рекоа: ‘Види како лаже, не се сеќава дека изнесуваше 21 милион евра’. тоа не е вистина, целиот трансфер изнесуваше 22,5 милиони евра бидејќи Динамо доби бонуси. Еве го договорот доколку сакате да го погледнете. Динамо и Мордиќ на 29 април потпишаа договор за поделба и тој е само во бројки – тука стои негов потпис. Модриќ по тој договор играше во Динамо уште два месеци. Зошто сме толку проклети па да напаѓаме таков играч? Дали некогаш е забележано хрватски репрезентативец да биде испрашуван во 21 часот? Да, тогаш тоа беше испрашување, го извлекоа од хотелот, а тој беше дојден на подготовки со репрезентацијата. И по еден час ‘во уста му ставија реченица’, која тој многу добро ја разбра. Сега сите од него се обидуваат да направат монструм и измамник“, рекол Мамиќ.
Тој ги покажал договорите и анексите на договорите кои ги потпишувал со еден од најдобрите хрватски играчи на сите времиња.
„Овде имам шест договори со Модриќ, анекси…Лука има добра меморија, но во еден момент не можеше да се сети кога дебитирал за репрезентацијата. Му помогна вашата колешка Деа Реџиќ тоа кратко да трае. Зарем сите вие се сеќавате на секој момент? Лука танцува по стадионите ширум светот, секаде го прославува името на својот Обровац откаде мораше да избега бидејќи таму го заклаа неговиот дедо. Бандити! Бандити! Не знаете што правите кога на ваков начин го валкате името на Лука Модриќ. Бог нека ви прости. Беше бегалец, јас го зедов – му бев и татко и мајка и брат и сестра…Го учев како се седи, како да говори, како да се облече, да научи англиски…Јас вложував во него. Го зедов од милосрдие, дали тогаш некој можеше да знае дека ќе стане ваков играч“, рекол Мамиќ.
На крајот тој ги критикуваше новинарите обвинувајќи ги дека тие се виновни за состојбата во која се наоѓа хрватскиот спорт.
„Знаете ли каде се нашите репрезентативци? Сите избегаа, бидејќи ние ги избркавме. Се прашувате зошто молчат? Зошто не сакаат да го заштитат својот капитен? Не сакаат да ги валкаат своите имиња! Тоа е вистината“, заклучил Мамиќ. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.