Контакт

Daily news

МВР и Факултетот за безбедност со договор за соработка

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се сретна со делегација на Факултетот за безбедност, предводена од деканот Никола Дујовски при што беа договорени формите на соработка во наредниот период меѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Министерот Спасовски рече дека од Факултетот за безбедност очекува квалитетни предлози што ќе помогнат во реформите, кои му се неопходни на Министерството за внатрешни работи, затоа што оваа институција мора да се департизира и декриминализира и да стане вистински сервис на граѓаните. За таа цел ќе бидат формирани работни групи со претставници од двете институции, кои со своите предлози ќе придонесат во процесот на реформирањето на МВР. Министерот Спасовски најави и дека во иднина ќе се посвети внимание на вработување школувани кадри од Факултетот за безбедност, какви што му се неопходни на министерството.

Деканот Дујовски рече дека е многу значајно отворањето на Министерството за внатрешни работи и подготвеноста за соработка со кадрите од Факултетот за безбедност. Тој потенцира дека стручните кадри од Факултетот за безбедност со задоволство ќе помогнат со својата стручност во областите за кои од нив ќе биде побарана соработка од страна на МВР.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Околу 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Свет2 часа

Њујорк Тајмс: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа3 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет3 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник е жив, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа3 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија16 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија18 часа

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија18 часа

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...

Економија19 часа

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија21 час

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија21 час

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија23 часа

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување македонски камиони што транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово,...

Македонија1 ден

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа1 ден

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет1 ден

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет1 ден

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет1 ден

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...