Daily news
Меѓународна помош за животните во Македонија
Со цел директна помош на бездомните животни во Македонија, надминување на проблемот со прекубројноста на животните на улица, како и стручна поддршка на барањата на „Анима мунди“ за подобрување на законската регулатива за заштита на животните, утре во Скопје пристигнуваат претставници на организацијата ЕНПА – едно од најсилните здруженија за заштита на животните во светот, најстарата и најголема италијанска асоцијација која е активна 144 години на територијата на Италија и во странство. Како што велат од „Анима мунди“, заедничките заложби и понуди за помош се однесуваат на:
– понуда за помош во стерилизацијата на бездомни животни, која би се вршела под мониторинг на здруженијата за заштита на животните, наш избор на ветеринари;
– барање за ревидирање и унапредување на Законот за заштитата и благосостојбата на животните и воведување законска забрана за евтаназија на бездомните животни (конкретни предлог-амандмани);
– инволвирање на здруженијата за заштита на животните во раководењето на стационарите за бездомни животни (конкретни предлог-амандмани);
– овластување на здруженијата за заштита на животните во служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните бидејќи досега се утврди дека здруженијата де факто се основен носител на таа дејност во Македонија, со што помагаме во откривање/надминување на насилството во национални рамки (конкретни предлог-амандмани);
– обезбедување заштита на коњите и забрана за нивно искористување во урбани средини, суровост со која децениски се соочуваме и која секојдневно се игнорира (конкретни предлог-амандмани).
Со претставниците на ЕНПА веќе се закажани средби со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и со амбасадорот на Република Италија.
„Анима мунди“ побара и средба со премиерот на Владата, Зоран Заев, и за неа очекуваме одговор.
Бараме поддшка од широката јавност и од сите надлежни институции, но и од сите политички субјекти; ја бараме за доброто на граѓаните на Македонија и обезбедување хуманост кон сите живи битија. Укажуваме на важноста ваквата можност да не се пропушти и одговорно да се искористи затоа што една од најсилните меѓународни организации ја третира состојбата во Македонија како приоритет и има силна волја, искуство, можности да помогне.
Сите предлог-законски амандмани „Анима мунди“ ги изработи во рамките„ на програмата Цивика мобилитас“, додаваат од организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.