Daily news
Меѓународен ден на танцот
Автор на светската пораката е Триша Браун, уметнички директор и кореограф, а на македонската порака е реномираната танчерка, кореограф и професор Искра Шукарова.
Интернационалниот театарски институт со задоволство објавува дека следејќи ги чекорите на Леми Понифасио (Самоа и Нов Зеланд), Израел Галван (Шпанија), Мурад Мерзуки (Франција), Лин Хуаи-Мин (Тајпеј), Сиди Ларби Шеркауи (Белгија), Триша Браун (САД), танчерка, кореограф и уметнички директор на Триша Браун танцова компанија е авторка на пораката за Меѓународниот ден на танцот за 2017 година.
Од формирањето во 1982, Меѓународниот ден на танцот се слави секоја година на денот на роденденот на креаторот на модерниот балет, Жан-Жорж Новер, 29 април и претставува прилика да се оддаде почит на танцот и неговата универзалност во преминување на сите политички, културни и етнички бариери.
Интернационалниот театарски институт секоја година го одбележува овој ден поканувајќи некој истакнат кореограф или танчер да напише порака. Оваа порака се преведува на повеќе од 20 јазици и се објавува преку мрежата на ИТИ (која има повеќе од 100 членови) и преку танчерските организации ширум светот.
Исто така, ИТИ се стреми кон промовирање на национални и светски активности за одбележување на меѓународниот ден на танцот.
Искра Шукарова е дипломец на танцовите студии на националниот конзерваториум во Лион, Франција. Во 2002 се стекна со магистериум на Центарот Лабан во Лондон. Таа заврши повеќе танцови обуки предводени од етаблирани уметници. Нејзините кореографски дела патуваа регионално и меѓународно.
Од 1991 Шукарова работеше како балерина во Македонската опера и балет, а е еден од основачите на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, и ко-основач и ко-автор на програмата на Локомоушн – фестивал за современ танц, Скопје и на проектот Академија Номад Танц. Од 2010 Шукарова е професор на државниот Факултет за музички уметности, Оддел за Танцова педагогија во Скопје. Од февруари 2014 таа се стекна со титулата доктор на науки на Факултетот за драмски уметности, УКИМ во Скопје. крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.