Контакт

Daily news

„Ме држеа 16 часа со лисици на рацете во полиција“, рече пратеничката Пешевска

Објавено пред

„Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Со моето апсење повредени се законот и Уставот. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Ме држеа 16 часа со лисици на рацете“, рече пратеничката Жаклина Пешевска на денешната јавна седница на Апелациониот суд во Скопје за продолжувањето на куќниот притвор што ѝ беше изречен. Пешевска рече дека нема сторено ниту едно кривично дело.

dobivaj vesti na viber

„Не можам да повторам дело што не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниту еден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца, кои се под третман на психолози“, рече таа.

Таа се произнесе дека не е виновна и бараше да ѝ се укине куќниот притвор. „Сакам да му честитам на доблеста на народниот правобранител Иџет Мемети, кој констатира дека пратеничката била незаконски уапсена“, рече нејзиниот адвокат Боро Тасевски. Со кршењето на нејзините права се кршат човековите права на илјадници граѓани што гласале за неа да биде пратеник, додаде адвокатот.

Според адвокатот, решението на кривичниот суд за куќен притвор не содржи факти и докази. Тасевски пред тричлениот судски совет рече дека во постапката за продолжување на притворот биле прекршени нејзините права, кои треба да се отстранат.

Предлогот за продолжување на мерката куќен притвор не е доставено до обвинетата, рече адвокатот. „Бараме овој суд да го укине решението и да го врати на повторно одлучување“, потенцира Тасевски и додаде: „Дискутираме за права на пратеник. Што да очекуваат граѓаните зад кои не стојат вакви аргументи? Не постои ниедна основа за притвор. Обвинетата е семејна жена со 3 малолетни деца. Живее со болни свекор и свекрва. Некои од нејзините деца боледуваат од хронични болести. Каде е тука опасноста од бегство“?, праша адвокатот.

„Се прашуваме кое кривично дело би го повторила или би сторила ново дело? Настаните за кои е обвинета се случувале пред повеќе од 6 месеци. Таа дури пред два дена беше повикана да даде исказ во Обвинителството“, им објаснуваше адвокатот Тасевски на судиите.

Вишото јавното обвинителство бара да остане мерката куќен притвор. Сметаат дека со оваа мерка не се повредени законите и меѓународните конвенции. „Неоснована е жалбата дека на семејството не може да му укаже лекарска помош“, рече вишата јавна обвинителка.

Апелациониот суд во Скопје одржува јавна седница за продолжувањето на куќниот притвор на пратеничката Жаклина Пешевска. Седницата се одржува по жалбата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, која се жали на одлуката на кривичниот суд да ѝ биде продолжен куќниот притвор за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година. Досега Апелација ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.

Судија на претходна постапка на 5 декември минатата година им изрече мерка куќен притвор на пратениците Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и на Љупчо Димовски по извршениот распит во кривичниот суд во Скопје. Претходно, судот на тројцата пратеници, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, им изрече мерка притвор, по што тие со лисици на рацете беа спроведени во Истражниот затвор „Скопје“. Шестемина пратеници беа повикани на распит во судот за настаните во Собранието на 27 април бидејќи претходно парламентот го прифати барањето за одземање на нивниот имунитет.

В. Маглешов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија3 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Економија6 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија9 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија9 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија9 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија11 часа

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија12 часа

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија14 часа

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија14 часа

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет15 часа

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа16 часа

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет16 часа

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа16 часа

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа17 часа

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет1 ден

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет1 ден

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...

Европа1 ден

(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши...

Свет1 ден

Трамп: Демонстрантите низ САД ќе се соочат со иста или поголема сила отколку во Лос Анџелес

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Овалната соба дека ако протестите против имиграциските политики продолжат во...

Европа1 ден

ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор....