Контакт

Daily news

Милошоски: Владата да се повлече од Договорот со Бугарија додека уште има време

Објавено пред

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција зборуваше за штетноста на договорот за добро соседство помеѓу Македонија и Бугарија. Особено колку е штетен и ризичен сега и во иднина членот 12 од овој договор каде што е предвидено дека во рок од 3 месеци од влегувањето во сила на овој договор двете држави ќе основаат заедничка меѓу владина комисија.

dobivaj vesti na viber

„Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно со цел за преглед на ефективната примена на овој договор. Што значи тоа? Тоа значи дека оваа меѓувладина комисија зависно од политичкото расположение во соседна Софија, зависно од тоа дали тие сметаат дека некој учебник е доволно изменет, дека некој споменик е тргнат или корегиран, дека некоја историска личност или настан е прилагоден на нивните желби. Преку оваа меѓувладина комисија за надзор и спроведување на билатералниот договор ќе добијат легално право да ја попречуваат Македонија во своите аспирации“, рече Милошоски.

Тоа попречување, може да биде постапка за блокирање на отворање на одредено поглавје или постапка за блокирање за затворање на одредено поглавје за преговори за Европската Унија.

„И доколку имаме една претпоставена ситуација дека во соседна Бугарија имаме историски и прозападни и просоветски политички сили, кои што се добро етаблирани. Нема да биде никакво изненадување доколку во некоја од следно време имаме евро-скептична или нато-скептична влада во соседна Софија. И нивните намери можат да ги остваруваат преку попречување, политичко попречување и злоупотребување на потпишаниот штетен договор помеѓу Македонија и Бугарија. Затоа сметаме дека владата треба додека има време да се повлече од потпишаниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи истиот има суштински недостатоци. И на среден и на долг рок ќе отвора повеќе спорни прашања отколку што ќе затвора прашања“, рече тој.

Милошоски смета дека договорот нема да ја гради довербата помеѓу македонскиот и бугарскиот народ напротив ќе отвора дополнителни стереотипи.

„Ние ќе направиме се во Собранието овие теми да ги отвориме. Но, укажавме и пред да биде потпишан договорот, кажуваме и денес откако еден договор ќе биде потпишан во Собрание истиот нема можност да биде надополнет со било какви амандмани. Тоа беше кукавичкиот потег на господинот Заев што не го даде договорот на јавна расправа пред да биде потпишан кога се уште имавме време дел од амандманите кои што сметавме дека суштински ќе го подобрат текстот да бидат вградени за да може и Софија и Македонија да го потпишат договорот на достоинствен начин“, рече Милошоски.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија3 часа

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ4 часа

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија5 часа

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет5 часа

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија7 часа

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...

Македонија7 часа

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион7 часа

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа9 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет9 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа10 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион10 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија19 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија21 час

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија21 час

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија21 час

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион1 ден

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет1 ден

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет1 ден

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...