Контакт

Daily news

Милошоски: Што сака да сокрие Зоран Заев во предлог програмата на новата Влада?

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Aнтонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека главното прашање денес е што сака да сокрие Зоран Заев во предлог програмата на новата Влада и во предлог листата за кандидати на истата?

„Ова е суштинско прашање што се поставува откако е обелоденет шверцерскиот обид на СДС да се даде само еден ден, прв пат во историјата на Македонија за анализа и разгледување на предлог програмата и на листата на кандидати за новата Влада!

 

Начинот на кој Заев се обидува да го скрати времето за анализа на програмата што ја нуди и нејзиниот кадровски состав на идната Влада е краен недемократски чин.

СДС збореше за демократија и за јавна дебата, а на пратениците, на стручната јавност и на граѓаните им го ускратува правото на потребно време за анализа и дебата на главните проектни и главните кадровски политики на новата влада.

На пратениците кои што не се дел од собраниското мнозинство не им се остава ниту минимум време за квалитетна подготовка на дискусија за или против новиот состав и новата програма на новата Влада.

Затоа со овој чин во вода паѓаат најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалиционите партнери од новото собраниско мнозинство.

СДС одлучи да го понижи и да го деградира Собранието и само како лицемерие денес можеме да ги слушнеме претходните лажни ветувања на СДС дека Собранието го гледаат како коректив на власта која што треба да биде конструктивен критичар на нејзиното однесување.

Од првиот ден СДС покажува недемократски тендеции.

Изминативе 16 години, во Република Македонија установена е една демократска пракса која што почнува од 2002 година кога мандатар беше Бранко Црвенковски па се до деновите кога мандатар беше Никола Груевски.

 

Владите и мандатарите и во 2002 и во 2006-та, и во 2008-ма, 2011-та и 2014-та година секогаш давале минимум 12 дена простор и време за јавна дебата за разгледување и анализа на владините програми и предложените кандидати за министри.

И секогаш не само парламентарната опозиција туку и јавноста, стручната фела, новинарите и граѓаните ова време го користеле за градење на своите аргументи, за или против за предложените проекти или предложениот состав на новите влади.

 

За жал гледаме дека СДС се откажува од оваа демократска традиција и со тоа покажува дека нема демократски капацитет на првиот тест за СДС за отчетно и транспарентно работење.

 

Заев изгледа дека има многу што да сокрие во новата програма или има многу што да сокрие во персоналниот состав или биографиите на кандидатите за министри во новата Влада, штом нема демократски капацитет на јавноста да и даде повеќе од само еден ден за анализа на новата предлог програма и кандидатите за министри пред изборот на новата Влада.

 

Да се закаже седница за само еден ден, во најмала рака е срамен и недемократски чин  кон јавноста и кон Собранието. Тоа покажува дека Зоран Заев се плаши од подетални анализи на нивниот леток којшто го нарекува програма.

 

Но, се плаши и од подетални анализи кои што ќе покажат каков е кадровскиот потенцијал на новите предложени министри за Владата којшто тој ја нарекува реформска. ВМРО-ДПМНЕ смета дека мора да се остави повеќе време за пратениците и јавноста да добијат подобар увид во составот на владата, плановите за работа на идната Влада и главните проекти.

 

Кратко и јасно, тоа што сака Заев да го сокрие е дека неговата влада е антиреформска. Прв пат имаме еден ден време за анализа на владината програма, прв пат ќе имаме аболициран политичар како мандатар и за прв пат ќе имаме премиер против кого се водат две крупни обвинителски афери, едната „Поткуп“ другата „Цареви кули“.

 

Доволно е само да се види предложената листа на нивните кандидати за да се открие првата голема лага на Социјал Демократскиот Сојуз. Во октомври 2015-та година, Шекеринска јавно говореше и превзеде обврска дека бројот на министри во владата на СДС нема да надмине повеќе од 20, а веќе утре имаме предлог за нова Влада кој што брои 26 министри.

Толку држат ветувањата на СДС, толку од реформите на оваа антиреформска влада која што за жал не е подготвена ни за подолг период критика од еден ден дадено време за анализа на проектите и кадровскиот состав„ рече Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет5 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет7 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ8 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ8 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија9 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија10 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија11 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија12 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ13 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија13 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет13 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија15 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија15 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет16 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет16 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет16 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...