Daily news
Мисовски реакција за настап: Вељановски еден од најодговорните за крвавиот настан
Пратеникот од НСДП Горан Мисовски реагира на синоќешниот настап на телевизија Сител на Пратеникот Трајко Вељановски.
„Го гледав настапот на нелегитимниот Претседавач на конститутивната седница за избор на Претседател на Собранието на РМ и еден од најодговорните за крвавиот настан, Трајко Вељановски на Сител телевизија и чувствувам за потребно да реагирам во јавноста во однос на неколку негови констатации.
Трајко Вељановски точно знае дека изборот на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Р.М. е кристално чист и е согласно член 10 став 1 и член 78 став 2 од Деловникот и согласно јасно изразената волја на 62 пратеници, кои како мнозинство во Собранието согласно член 22 став 1 од Деловникот поднесоа предлог за избор на претседател на Собранието на Р.М. под архиски бр. 08-846/1 од 27.03.2017.
Толку околу постапката за која што нема ништо нејасно и неделовнички и спремен сум на било кој медиум по желба на Трајко Вељановски тоа од деловнички аспект да го расчистиме.
Постои нешто што мене посебно ме загрижува.
- Трајко Велјановски кажа дека 10 минути по прекинот на седницата бил во неговиот кабинет и дека во него останал се до завршувањето на, според мене, злосторничкиот обид за ликвидација на пратениците од парламентарното мнозинство, од страна на лица кои од снимките се гледа дека по различни основи се блиски до ДПМНЕ.
- Исто така од снимките се гледа дека една група на хулигани, а некои од нив и со маски на главите, поминуваат покрај полициските сили и се качуваат по скалите кои што водат кон кабинетот на Претседателот на Собранието и кабинетот што Претседателот на Собрание го користи за одредени протоколарни средби.
- И двата кабинети се физички издвоени со сигурносна врата преку која што по нај краток пат се доаѓа до прес центарот каде што се случи крвничкиот напад, а која што се контролира исклучиво од собраниско обезбедување, од Кабинетот на Претседател на Собранието.
- Бидејки подолго време сум во Собранието на РМ најодговорно тврдам дека не постои можност било кој да ја помине сигуроносната врта која што води по ходникот директно во прес центарот, без за тоа некој да даде налог. И Пратениците кога се движеле во тој дел, не можеле да имаат пристап преку сигуроносната врата без да се пријават на интерфонот поврзан со Кабинетот на Претседател на Собранието на РМ.
Јас тврдам дека новото парламентарно мнозинство ќе превземе се што е во доменот на профункционирањето на правната држава, правна разрешница и одговорност за сите хулигани кои што се обидоа да ги ликвидираат пратениците од парламентарното мнозинство, а Трајко Вељановски ќе мора да одговори на многу прашања„ се вели во информацијата на пратеникот Горан Мисовски од НСДП.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.