Daily news
Митевски: Ние работевме за сите, партиската припадност не ни беше на прво место
Ние како сериозна локална самоуправа изминатиот период работевме за сите граѓаните. Партиската припадност не ни беше на прво место. Денес, многумина сограѓани од Македонска Каменица велат дека тоа било грешка, ама ние имавме повисоки цели – Каменица да биде општина на сите граѓани, успешна и просперитетна. Ние целосно ја променивме сликата за нашата општина, рече кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Митевски.
Тој нагласи дека сите граѓани на општината се сведоци на уредениот градски плоштад и современиот градски пазар.
– Сите сме сведоци на асфалтирани улици во централните средини, сите сме сведоци на километрите локални патишта што ги изградивме во секоја селска средина. Сме сведоци на новата водоводна мрежа што ја имаме. Исто така, сведоци сме на новите тротоари, новото осветление, новите улици. Исто така, ние во Македонска Каменица сме сведоци на новата куќа на спортот, на новиот дневен центар за децата со посебни потреби и на овој прекрасен културен дом што го изградивме заедно со поддршка од Владата на Република Македонија – посочи Митевски.
Нагласи дека во изминатиот период локалната самоуправа работела и на многу проекти во руралните средини во Македонска Каменица.
Митевски потенцира дека Општината од 2009 година наваму вложувала во спортот и оти тоа донело резултати.
– Сите треба да се прашаме што добивме откако СДС ја доби централната власт? Да им пренесеме на жителите на Македонска Каменица: Каде е стариот закон на рударите што го ветуваа? Сè уште добиваме сметки за радиодифузна такса иако кажува дека ќе ги укинат. Десетпати беа да се сликаат на одронот на магистралниот пат Каменица – Кочани и по шест месеци истиот проблем, сто и еден камен немаат поместено. Го стопираат проектот за пат Македонска Каменица – Паланка за кој владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше обезбедено финансиски средства од Светската банка – истакна Митевски додавајќи дека резултатот од работата на СДСМ се празни ветувања и штетни договори за македонскиот национален идентитет.
Вели дека за време на изборната кампања во Македонска Каменица секојдневно имало инспекции и полиција. Потсети дека скршен бил и местен штаб во местото Тодоровци. Според него, имало и преместување работници, па некои од нив, наместо во Македонска Каменица, работеле во Берово.
– Кандидатот за градоначалник од СДС ѝ се јавил на самохрана мајка во јавната администрација и ја прашал дали мисли од понеделник да оди на работа. Е, овде се поминати сите човечки граници. Ќе поминат и изборите, ама лошите постапки и зборови не поминуваат – посочи Митевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.