Контакт

Daily news

Монасите од Бигорски манастир го поздравуваат потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија

Објавено пред

Културниот идентитет и националната посебност, колку и да звучи парадоксално, подразбираат и заедништво и испреплетеност со други идентитети и посебности. Пример за таква историска симбиоза се македонскиот и бугарскиот народ. Таа вродена вековна близост се пројавува во многу значајни сегменти од општественото живеење: јазик, фолклор, култура, настани, дејци…

dobivaj vesti na viber

Ова го пишуваат монасите и монахињите, заедно со нивниот Старец, Архимандрит Партениј, од Свештениот Бигорски манастир, поздравувајќи го потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија.

– Сметаме дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, чиј зародиш треба да го лоцираме уште во почетоците на независната и самостојна македонска држава, е природна последица на историските текови. Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави.

Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле – пишуваат тие.

Оградувајќи се однапред од каква било партиска и политичка припадност, наклонетост, протежирање нечија страна и слично, како монашко братство кое повеќе од 20 години верно ѝ служи на светата Македонска православна црква – Охридска архиепископија и на Татковината Република Македонија, би сакале и ние јавно и транспарентно да го искажеме нашиот став во поглед на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија – пишуваат тие.

– Бидејќи пропагандните отрови вбризгувани во поединечната и колективна свест на македонскиот човек и народ од територијата на денешна Република Македонија во текот на скоро еден век полека го губат своето погубно дејство, настапи време кога можеме слободно да го кажеме своето мислење за некои важни државни прашања, но и без страв и фрустрации да погледнеме во нашето национално минато и да дознаеме дека македонската самобитност и државност се крепат на подвигот и крвта на недобројните наши родољупци и херои на слободата – стои натаму во текстот.

Монасите и монахињите од Бигорски манастир, натаму, забележуваат дека, лесниот и нецензуриран достап на историските извори денес, ни овозможува да проѕреме длабоко во историскиот бит на Македонецот, непосредно, лично, без никакви идеолошки призми и матрици. Затоа, крајно време е со здрави и трезвени очи да погледнеме во блесокот на нашата сјајна историја, која самата по себе, без никакви додавки, криења, извртени толкувања и слично, нè прави да бидеме горди Македонци, достоинствени носители на европските цивилизациски придобивки.

– Впрочем, да не заборавиме и дека нашите два народа имаат една цивилизациска лулка, заеднички крштелен купел – имено, мисијата на Светите Браќа Кирил и Методиј и особено на нивните свети ученици, покрстувањето за време на Светиот Рамноапостолен цар Борис-Михаил и почетокот на заедничката писменост. Тоа ни дава право, или подобро кажано, обврска да го негуваме тоа духовно сродство и близина, без притоа, се разбира, да се негираме и омаловажуваме едни со други во нашите културни особености – напоменуваат авторите.

Тие додаваат дека, всушност, и брат со брат се разликува, и семејство со семејство, и град со град, и област со област, и говор со говор… Но, не смееме да дозволиме различностите да станат главниот фактор во нашите меѓусебни односи и причина за омраза и раздор. Напротив, многу повеќе се нештата што нè обединуваат, а и самите различности треба да ги гледаме како наследство од нашето заедничко суштествување.

-Во контекст на ова, сметаме за потребно да потсетиме дека Република Бугарија беше првата земја што ја призна Република  Македонија и што изврши дипломатско влијание за Русија да ја признае. Исто така, таа беше земјата што значително помогна Македонија да не дојде до финансиски крах, кога во 1994 година беше воведено трговско ембарго кон нашата држава. Дополнително, посебно значаен факт е тоа што во договорот заедничката историја се јавува не како јаболко на раздорот, ами како мост кој „ги поврзува двете држави и нивните народи“- стои во нивниот заеднички текст.

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија2 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет18 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија19 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија19 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија23 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет23 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...