Daily news
Најлуди закони за пиење на пиво од сите меридијани

Кога можете да видите пијан Шкотланѓанец во сопственост на крава?
Одговор: Никогаш! Тоа е против законски.
Тоа не е единствено бизарно законско ограничување за пиење на пиво во светот. Еве уште неколку најчудни закони поврзани за пиење на пиво.
Нигерија
Во Нигерија е забранет увоз на пиво, како и негово производство. Но, ако некаде сепак најдете и купите пиво, можете слободно да го пиете, само ако сте постари од 18 години.
Небраска
Во оваа американска држава важат неколку чудни закони поврзани за пивото, меѓу другото и тоа дека нелегално е да се продава пиво на приватен имот, ако притоа не правите лонец чорба. Нема ни збор за тоа дали истото важи и во случај да стоплите ручек од претходниот ден.
Аљаска и Охајо
Во Аљаска е забрането да се дава пиво на лос, веројатно затоа што не поднесуваат алкохол. Меѓутоа, во Охајо е сосема во ред да се подели пиво со риба, под услов да не ја испијаните.
Ајова
Ако планирате со сопругата во кревет да пиете пиво за да се опуштите, водете сметка да не земете повеќе од три голтки, бидејќи во спротивно ви следува парична казна.
Русија
До пред неколку години, пивото не се сметало за алкохолен пијалок во Русија, бидејќи процентот на алкохол бил помал од 10 отсто. Пивото важело за прехранбен производ и можело да се продава во секое време од денот и да се пие јавно. Иако последните години законите се построги, забраната за конзумирање и продажба на алкохол на лица помлади од 18 години и понатаму се толкува многу растегливо.
Шкотска
Во Шкотска сите закони поврзани за алкохолот се сфаќаат многу сериозно, вклучувајќи го и тој дека пијано лице не може да биде во сопственост на крава.
Канада
Во Саскачеван регион во Канада забрането е да се пие вода и пиво, но тоа не важи за другите делови на државата.
Тексас
Своевремено во Тексас било против законски да се има енциклопедијата Британика, бидејќи во неа можат да се најдат рецепти за домашно производство на пиво.
Австралија
Во Западна Австралија важи крајно бизарен закон: забрането е да се шмрка од лименка пиво меѓу градите. Казната за тие кои не го почитуваат овој закон е 1.000 австралиски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.