Контакт

Daily news

Не може да одговара помагачот за прислушувањето ако не биде осуден Зоран Верушевски, одлучија врховните судии

Објавено пред

Пресудата за единствениот осуден во случајот „Пуч“, Звонко Костовски, е нејасна и противречна, наведе кривичниот совет на Врховниот суд во одлуката за барањето за заштита на законитоста што го поднесе специјалното јавно обвинителство. Највисокиот суд делумно го уважи барањето на СЈО во делот за шпионажата. „Пресудата не содржи соодветно образложени причини поради кои обвинетиот Звонко Костовски е прогласен виновен за помагање во извршување на кривичното дело шпионажа во услови кога не е утврдена кривичната одговорност на обвинетиот Зоран Верушевски, кому тој би му помогнал во извршувањето на тоа кривично дело“, се наведува во одлуката на Врховниот суд. Токму затоа предметот во тој дел се враќа на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување. Одлуката ја донеле судиите Јово Вангеловски, Ристо Катевеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити и Рахилка Стојковска.

dobivaj vesti na viber

Судиите, сепак, утврдиле дека постапувањето на судијата на претходна постапка е во согласност со законот и не се повредени ниту во Законот за кривичната постапка ниту, пак, има повреди на Кривичниот законик за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање. „Судијата на претходна
постапка на рочиште за оцена на предлог-спогодбата, по дадените поуки со согласност со законот, испитал дали таа доброволно е поднесена, дали обвинетиот е свесен за правните последици од нејзиното прифаќање и за трошоците на кривичната постапка, па по спроведување на сите законски дејства и оценка на предлог-спогодбата, донел осудителна пресуда“, пишува во одлуката.

Судиите образложуваат дека Звонко Костовски како главен оперативен техничар во Управата за безбедност и контраразузнавање, со своето техничко знаење им овозможил на другите припадници на злосторничкото здружување да пристапат кон незаконско следење на комуникациите и на лица што не се маркирачи им овозможил да маркираат телефонски броеви и креирал паралелна структура во која биле складирани сите незаконски следени комуникации. Причината поради која не е кривично гонет од СЈО е затоа што тој бил сведок во постапката бидејќи неговиот исказ бил од особено значење за откривање на другите сторители на кривичните дела.

Стејт департментот во извештајот за човековите права и слободи за минатата година го нотира токму случајот на разузнавачот Звонко Костовски, кој беше осуден на тригодишна затворска казна за помагање во незаконското прислушување, а покрај Зоран Верушевски и сопругата Соња Верушевска, беше обвинет и премиерот Зоран Заев како тогашен лидер на опозицијата.

Обвинителката Катица Јанева на 18 јануари годинава го повлече обвинението за „Пуч“ бидејќи, како што рече, доказите што ги откриле не упатуваат дека кривичното дело го сториле Костовски и другите обвинети. Таа масовното прислушување го води во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, чии главни обвинети со помош на Апелациониот суд Скопје и на Врховниот суд се во екстрадициски притвор. Првото рочиште е закажано за 22 декември.

В. Маглешов

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Шефот на НАТО: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е пред крај со ресурсите за да ја...

Македонија49 минути

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....

Македонија1 час

Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може...

Македонија14 часа

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија17 часа

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија19 часа

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија20 часа

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...

Македонија20 часа

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на...

Македонија21 час

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на...

Македонија22 часа

Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, нивното дислоцирање од една во друга општина е сурова и опасна пракса, порачуваат од „Анима мунди“

Во последниот период сведочиме на повторливи, систематски и сурови случаи на дислоцирање цели легла и глутници кучиња во градот Скопје...

Македонија24 часа

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово,...

Европа1 ден

(Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не може да ги прекинат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе напредува непрекинато, објави државната медиумска агенција...

Свет1 ден

Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе присуствува...

Европа1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од бегството на крадците од „Лувр“

Се појави неверојатна снимка од двајцата крадци кои лежерно бегаат од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од...

Европа1 ден

Мерц: Ќе разговарам со Американците, се надевам дека „Роснефт“ ќе биде ослободен од санкциите

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека германското делување во Роснефт ќе биде исклучено од американските санкции наметнати врз...

Македонија1 ден

Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби, му порача Мицкоски на Касами кој најави поддршка за ДУИ во Кичево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на изјавата на лидерот на Беса од „Влен“, Билал Касами, кој во интервју за...

Македонија2 дена

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се исполни“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба се осврна на...

Македонија2 дена

Даниловски алармира: Глувците во Скопје шират ризик од болести, преминат е Рубиконот, потребна е итна интервенција

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски предупреди дека Скопје се соочува со закана за јавното здравје, повикувајќи на итна, координирана интервенција...

Македонија2 дена

Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг...