Daily news
Оригинални италијански лазањи
Лазањите се карактеристично италијанско јадење, особено застапено во италијанските региони и се употребуваат пред сѐ за печени јадења во рерна.
Ова јадење е највкусно ако се подготва дома. Богат фил од мелено месо и домати, топли листови тестенини за лазањи, бешамел сос и кога сето тоа ќе се запече,на вас ви останува само да седнете удобно на столчето и да уживате во вкусот на убавата Италија.
Потребно е:
– 500 гр мешано мелено месо
– 2 главици кромид, ситно исечкани
– 2 моркови, исечкани на коцки
– 1 страк целер, исечкан на коцки
– 2 чешниња лук, ситно исечкани
– 400 мл пелати
– 2 лажици паста од домати
– 1 чаша црвено вино
– 1 пакетче тестенини за лазањи
– зачини по едно лажиче: сув босилек, суво оригано, сув магдонос, сува жалфија, сув рузмарин, сол
– бешамел сос (подолу е објаснето како да се подготви)
– 60 гр пармезан
Подготовка:
Во тенџере ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете ги главиците ситно исечкан кромид, морковите и целерот да се пржат. Кога ќе омекнат, ставете го лукчето да се пропржи и да пушти арома. Ставете го виното да го деглазира дното на тенџерето и оставете да испари алкохолот. Потоа, ставете ги меленото месо и зачините. Убаво измешајте и ставете ги пелатите заедно со доматите.Ако се цели смачкајте ги со раце. Покријте со капак и оставете да се вари на тивко околу 45 минути.
Направете го бешамелот. Во тенџерче за сос ставете 200 грама путер да се растопи. На растопениот путер ставете 60 грама брашно и мешајте додека да се направи паста. Зачинете со едно лажиче мелено морско оревче, тргнете од рингла, ставете 1 литар ладно млеко, малку по малку, мешајте со жица за матење и вратете на рингла. Мешајте со жицата додека да се згусне сосот. На крај, зачинете со сол и бибер. Во бешамелот ставете 200 гр рендан пармезан. Почнете да ги редите лазањите: на тавче за печење ставете од сосот од месо, ставете еден ред тесто за лазањи (не треба да ги варите претходно), ред болоњезе, ред тесто за лазањи, ред бешамел сос. Повторувајте така додека да ги потрошите сите состојки.На крај треба да завршите со бешамел сос на кој ќе ставите малку болоњезе сос и ќе ги измешајте на врвот. Попрскајте со пармезан и ставете да се пече во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 35 до 45 минути, во зависност од вашата рерна. Печете додека да краевите почнат да се одвојуваат и да создаваат меури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.