Daily news
Отворени 56. Струшки вечери на поезијата

Министерот за култура, Алаѓозовски, се обрати пред присутните гости на свеченоста по повод отворањето на 56. Струшки вечери на поезијата.
„Децении наназад овој фестивал, кој не случајно се одржува во Струга, градот на браќата Миладиновци, од кои помладиот, Константин Миладинов, ги постави темелите во создавањето на нашиот автентичен поетски израз, претставува собир на најдоброто од светската поезија, место за размена на искуства, идеи и визии кои ја движат уметноста напред и ги шират не само нејзините хоризонти туку и видиците на нашите општества и нашата цивилизација воопшто. Неруда, Гинзберг, Монтале, Конески, Бродски, Максимовиќ, Ружевич, Пачеко, Сангвинети, Бонфоа, Мервин, Дарвиш, Арапи, Маргарет Атвуд, годинешниот лауреат Чарлс Симиќ…се само дел од великаните на поезијата кои оставија печат на оваа манифестација и на светската книжевност воопшто, печат кој претставува голема чест, но и обврска за сите нас да продолжиме да ги шириме тие хоризонти“, рече Алаѓозовски.
„Ако кажам дека Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа манифестација, ќе кажам нешто премногу очекувано, нешто што е веќе обврска, речиси на ниво на една аксиома. Од овој фестивал, секако, сите ние очекуваме да биде предводник на квалитетот, фестивал кој го прикажува најдоброто и најактуелното од домашното и меѓународното поетско творештво. Но, би сакал да истакнам дека таа поддршка нема да биде само во функција на рутинско одржување на една голема и традиционална културна манифестација, ниту, пак, на естрадизација на истата“, додаде министерот.
„Во оваа дигитална ера, времиња на нови уметнички изрази и нови начини на комуницирање со публиката, и од Струшките вечери на поезијата се очекува да понудат нов пристап, надвор од очекуваните фестивалски димензии, кој ќе ја доближи поезијата до посетителите, но и до сите граѓани, со високи естетски критериуми и критичен осврт кон состојбите во општество и уметноста, пристап кој ќе има силна едукативна димензија, ќе ги промовира културните богатства, различностите и мултикултурализмот и ќе создава простори за партиципативност и интеракција меѓу уметниците и публиката“.
„Големиот англиски поет Стивен Спендер рекол дека најдобрата поезија е секогаш напишана од некој што се напрега да го надмине она што може да го направи. Струшките вечери на поезијата ќе ја имаат нашата целосна и безрезервна поддршка во оваа насока, да чекорат цврсто и храбро и преку моќта на зборот постојано да ги предизвикуваат, отвораат и изоструваат нашите можности, перцепции и хоризонти. Затоа што овој фестивал, со сета своја историска тежина и традиција заслужува да биде носител на визиите и погледите на уметноста кон нашата подобра, заедничка иднина“, додаде Алаѓозовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.