Контакт

Daily news

Отворено писмо на Илија Димовски до Талат Џафери

Објавено пред

Пратеникот Илија Димовски упати отворено писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во кое реагира на, според него, грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

dobivaj vesti na viber

„Недозволиво е во една демократска државата  што претендира да биде дел од НАТО и ЕУ грубо да бидат погазени и прекршени сите процедури и регулативи што се наведени во Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Во вашата намера побрзо да го донесете Законот за употреба на јазиците се прекршени повеќе членови од Деловникот.

Го прекршивте член 118 став 4 од Деловникот кој јасно предвидува дека со одлука за основање работни тела и анкетни комисии се утврдува делокругот за работа и бројот на членови на комисиите.Во Одлуката за основање постојани работни тела  што ја има донесено Собранието на  Македонија на 31.05.2017 јасно и прецизно е утврдена надлежноста на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.Во оваа одлука како надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е придвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците. Според оваа одлука Законот за употреба на јазиците треба да се разгледува на оваа комисија како матично работно тело, а не на Комисијата за европски прашања.

Спротивно на оваа одлука и спротивно на Деловникот за работа на Собранието вие како матична комисија за разгледување на Законот за употреба на јазиците ја прогласивте Комисијата за европски прашања. Оваа Комисија никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика.

Го прекршивте член 135 став 4 во кој  е наведено дека кога предлог на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум.Во воведот на предлог-законот за употреба на јазиците  што е во собраниска процедура не постои и не е наведен никаков изворен акт на ЕУ со полн назив, број и датум, поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои.Со ваквата постапка го злоупотребивте европското знаме само со една единствена цел, во многу краток рок да се донесе Законот за употреба на јазиците спротивно на деловничките одредби, праксата и регулативите.

Го прекршивте и член 136 од Деловникот на Собранието. Овој член предвидува дека доколку предлог-законот не е подготвен согласно со одребите на овој деловник, а овој Закон не е подготвен согласно со член 135 став 4, предлог-законот не може да продолжи во понатамошна постапка.Бидејќи овој закон не е во согласност со одредбите од Деловникот, вие сте должен пред да го доставите до пратениците во рок од 15 дена да побарате од предлагачот да ги отстрани сите недостатоци и да го усогласи согласно со деловникот, а доколку предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена се смета дека предлогот на законот не е поднесен. Во изминатите 15 дена ниту е упатено писмо од ваша страна до предлагачот за отстранување на недостатокот, ниту, пак, недостатокот е отстранет.

Ги прекршивте и членовите 139 и 140 од Деловникот, каде што е регулирано дека и Законодавно-правната комсиија одржува општ претрес по предлог на законот во рамките на три дена. Законодавно-правната комсиија спротивно на овие членови по само еден ден дискусија наметна гласање.

Вакво грубо непочитување и кршење на процедурите не е видено досега во Собранието на  Македонија. Да се прекршат сите процедури само за лични и партиски интереси е недозволиво.

Пратениците како претставници на граѓаните во Собранието треба да се пример за почитување на законите, регулативите и прописите во Македонија. Поради овие причини бараме веднаш да се прекине процедурата и да се отстранат сите недостатоците, како и неуставноста во законот.

Ве уверувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата „За подобра Македонија“ се спремни за дебата, но таа дебата мора да биде во рамки на процедурата и мора да е во рамки на Уставот.Со цел да запре процедурата, но да продолжи дебатата за овој предлог-закон, кој е од поширок интерес, согласнос со член 145 од Деловникот на Собранието на Македонија бараме за овој предлог-закон да се се спроведе јавна дискусија.На оваа јавна дискусија да ги поканиме сите засегнати субјети и стручни лица, како што се професори по македонски јазик, професори по албански јазик, професори по турски јазик, босански јазик, српски јазик, ромски јазик, влашки јазик, да поканиме професори од сите правни факултети во Македонија, професори по компаративно право, практичари и уште многу други кои отворено ќе дебатираат за потребата од донесување на вака важен закон.

Уставот, Деловникот, законите и процедурите мора да се почитуваат“, стои во отвореното писмо на Илија Димовски упатено во име на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Јотова: Постои обид од колегите од РСМ нормалните барања на Бугарија да ги претстават како каприц

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова и еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан....

Македонија13 минути

Ниеден обвинител не се повлекол од истрагата за Кочани, велат од ЈОРМ

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната...

Македонија46 минути

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја усмрти Теодора: вложена жалба на пресудата

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година, со која обвинетиот М....

Македонија2 часа

Да се извинат Филипче и СДС што го лажеa народот дека Бугари во Уставот се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова...

Македонија2 часа

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија, која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од...

Македонија2 часа

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор, без доволно докази, прашуваат од ДУИ по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој...

Свет4 часа

Мелони денеска кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд...

Македонија4 часа

Привремена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до...

Европа5 часа

Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица. Серхиј Лисак,...

Свет5 часа

Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа...

Македонија17 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија20 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија22 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија23 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија23 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија1 ден

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија1 ден

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ1 ден

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија1 ден

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет1 ден

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...