Daily news
Откриена тајната за екстремно долгото опстојување на првата цивилизација на Земјата
Археолозите ја открија причината зошто познатата Индиска цивилизација траела неколку милениуми и можела да се прилагоди на долгите периодични епизоди на суша кои ја погаѓале долината на реката Инд, се наведува во статијата објавена во списанието Current Anthropology.
„Опстанувањето на повеќето древни цивилизации зависеле од еден од клучно важните фактори – достапот до водата. Проучувањата на тоа како нивните жители располагале со водата и ја користеле, помогнале да се сфатат како човештвото се приспособувало на новите ситуацијата и зошто многу луѓе продолжиле да се занимаваат со природното домашно производството, дури и ако за тоа немало неопходност“, вели Камерон Петри од британскиот универзитет Кембриџ.
Мистериите на Харапи
Индиската, или Хараписката цивилизација, една од трите најстари цивилизации, покрај староегипетсата и сумерската. Таа се појавила пред пет години во долната на реата Нил, на границата меѓу современите држави Индија и Пакистан и својот процут го доживеала во 2200-те години пред нашата ера. Во тој период се појавил системот на меѓуградската и „меѓународна“ трговија, планирање на градските населби, санитарните јазли, стандардизираните мери и тегови, а влијанието на Индиската цивилизација се раширила на целиот потконтинент.
По 1900 година пред нашата ера започнал нејзиниот пад, што научниците го поврзуваат со климатските промени, што се должи на ослабувањето на монсуните и станало постудено и посуво. Од друга страна, неодамна добиените податоци за климата на Земјите во последните десет илјади години, покажуваат дека климата во тој Индостан/Хиндустан радикално се менувала и во претходните историски епохи, што предизвикува спор меѓу научниците за тоа зошто Харапската цивилизација не исчезнала порано.
Петри и неговите колеги решиле да појаснат како цивилизацијата по долината на Инд успеала да опстои во текот на сушата. За тоа научниците започнале археолошки ископувања на брегот пресушеното езеро Котла-Дахар, покрај кое се наоѓала една од најголемите мегалополиси на тогашната хиндуска цивилизација, градот Ракхигари.
Слоевите климатска заштита
Петри и неговите колеги неодамна пронашле траги од необичен систем за одгледување на земјоделските култури, коишто укажуваат на тоа дека древните жители на долината на Инд истовремено одгледувале неколку видови житарки и зеленчуци. Тоа ги поттикнало научниците веруваат дека на сличен начин жителите на Рикхари и неговата околина се заштитувале од последиците од сушата.
По извршената анализа на податоците собрани во текот на ископувањата и сведоштвата за климатски состојби во Индостан во тој период, научниците забележале една заедничка карактеристика за сите градови и населби на Харапската цивилизација: сите тие располагалесо климатски зони, каде сезоната на дождовите во летниот и во зимскиот период се преклопувале.
Благодарејќи на тона, како што сметаат научниците, земјоделците во Ракхигари можеле да ги надминуваат периодичните суши, слабите летни родови надополнувајќи ги со подобрите приноси од зимските култури. Тавата тактика, според она што го покажуваат седиментите од дното на езерото Котла-Дахар, била практикувана околу 2200 пред нашата ера, коа монсуните остри и на подолг период ослабеле.
Врнежите дожд значително се намалиле и не се зголемувале во текот на следните 300 години, што довело до пресушување на езерото и, како што сметаат научниците, опустошување и иселување на жителите од градовите на неговите брегови.
„Ние веруваме дека локалното население почнале да го зголемува изборот земјоделски култури не само како резултат на климатските промени, туку и поради тоа што живееле во многу различни климатски зони. Тоа ги подготвило за промена на лимата во иднина и им овозможило да преживеат во изменетите услови, кои вообичаено излегувале од рамките на опстанокот на другите цивилизации“, заклучува Петри./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.