Контакт

Daily news

Оф фест 2017“ со експересивни и антиглобалистички музички изведувачи

Објавено пред

Дамир Имамовиќ – босанскиот севдах-модернист, македонската група „Љубојна“, италијаните Bella Ciao,  португалска фадо ѕвезда Жизела Жоао, авангардните Јужнокорејци Black String, Марја Нут, данското дуо Den Sorte Skole и претставувањето на издавачката етикета „Глитербит рикордс“ со двете нејзини вонсериски пројави – Кинг Ајисоба од Гана и Мавританката – Нура Минт Сајмали, ќе бидат дел од  16. издание на ОФФест, што ќе се одржи на неклолку локации во главниот град од 25 до 28 мај.

dobivaj vesti na viber

Почеток, ќе биде означен во четврток, од 20 часот, на сцената во Македонскиот народен театар, со Дамир Имамовиќ и Љубојна.

За сараевчанецот Имамовиќ, инаку вистински следбеник на лозата врвни интерпретатори на севдалинки, познато е дека посветен истражувач на босанскиот мелос, едукатор и продуцент. Но, наместо до немајкаде да ги „преџвакува класиците“, тој креира спој на музика и поетика кои ја крепат идејата за севдах. Меланхоличен и модерен, токму онаков како што треба за средба меѓу световите. Впрочем не случајно на неговата скорешна објава како продуцент се јавува Крис Екман од WALKABOUTS и со-основач на „Глитербит рикордс“.

Втората вечер на Оф-Фест 2017 ќе ја отворат Bella Ciao, кои од своја страна го заговараат повторното оживување на богатата традиција, на проектот насловен „Нова италијанска канцона“ во чии рамки се збирани музичките материјали настанати во периодот 1954 – 1964 година. Преку своите слободоумни вредности и пораки за мир и граѓанско општество, песните од овој циклус, интерпретирани од хармоникашот Рикардо Теси, гитаристот Маурицио Гери, перкусионистот Џиџи Бјолкати и пејачите како Лучија Галеаци, Лиуза Костифољи, Елена Леда и Алесио Лега, не само што ја задржале нагласената моќ, туку во себе носат и нов императив во глобализираниот свет.

По нив ќе ја чуеме и видиме Жизела Жоао, новата португалска фадо ѕвезда, чија пројава ја карактеризираат „тивката меланхолија, еруптивниот и суров климакс и болното помирување со судбината“. А, што друго да се очекува од од потписничката на албумот „ Nua “ (2016) и девојката која знае да каже: „Мнозина мислат дека фадото е тажно, но тоа не е тажно туку интензивно. Како и самиот живот.“

Во МКЦ, во сабота, на 27 мај, во 20.30 часот случувањата ќе започнат со хипнотичната естонска виолинистка и пејачка, минималистката Марја Нут и нејзиниот собеседник и композитор на електронска музика Хендрик Каљујарв. Тие ќе ја сторат овдешната промоција на нејзиниот многу фален актуелен албум „Une Meeles “, кој освен што заведува со индициите за блискот до делата на творци како Арво Перт и Филип Глас нуди и нови хипнотички звуковни пејзажи.

Потем следува перформансот на Јужнокорејците Black String, бендот на Јон Џеонг Хо, некогашниот член на Tori Ensemble, и дружината која експериментирајќи на инструментариумот сочинет од геомунго, бамбусови флејти, разни перкусии се стреми кон „нов звук кој соединува различни изрази од традиционалната музика, е и во хармонија со останатите глобални стилови“. И, конечно, длабоко по полноќ, во Станица 26, е планиран да се случи перформансот на данското дуо DEN SORTE SKOLE (Мартин Хојланд и Симон Докедал – грамофони и електроника), кои бришејќи ги сите огради нудат концепт на „раскажување музички приказни низ времето и просторот“.

Последната вечер од годинашниот фестивал,онаа планирана за во недела 28 мај, е концептуална и во основа подразбира претставувањето на реномираната издавачка етикета „Глитербит рикордс“. Од таму најнапред во кино „Фросина“ ќе биде прикажан документарниот филм „Every Song Has Its End“ на американскиот продуцент, филмски режисер, професор и музичар Пол Чендлер кој е посветен на културолошкото богатство на традиционалната музика од Мали. Веднаш по ова исклучително остварување следува концертот на харизматичниот и неодолив пејач од Гана – Кинг Ајисоба со неговиот бенд и специјалниот гостин Зеа, продуцент на актуелниот албум „1000 Can Die“( во кој независно дали се пее и пораките се соопштуваат на еден од автентичните јазици како фрафра, тви или на пиџин англиски, како што се вели, „историјата и денешнината стојат заедно“) и член на легендарниот холандски пост-панк бенд The Ex. крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет10 часа

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ11 часа

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура13 часа

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија13 часа

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...

Свет15 часа

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на...

Свет16 часа

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп...

Македонија1 ден

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија1 ден

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија1 ден

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет1 ден

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион1 ден

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет2 дена

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет2 дена

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет2 дена

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет2 дена

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија2 дена

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа2 дена

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...