Контакт

Daily news

Охридско лето донесе моќна, виртуозна игра на харфа

Објавено пред

Светски познатиот виртуоз на харфа, Емауел Сејсон од Франција, синоќа имаше импресивен настап во црквата „Света Софија“ во Охрид во рамките на фестивалот Охридско лето.

dobivaj vesti na viber

Со својата моќна и виртуозна игра на харфа Сејсон ги отстрани сите клишеа поврзани со неговиот инструмент. Преку неговиот заразен ентузијазам и безграничната енергија младиот уметник ја откри харфата во сета своја пенлива раскош, во свет во кој поезијата е во рима со темпераментот.

– Многу сум среќен што настапив во црквата „Света Софија“, многу мирно и волшебно место. Црквата е магична за концерти. Што се однесува до репертоарот, за публиката на Охридско лето синоќа доловив малку поразнолика програма, од постара музика, па сè до помодерни дела. Од Бах, преку Шпор, до Рение, Дебиси, Форе и Салзедо. Многу е импресивно што може да направи харфата во вакви дела, истакна Емануел Сејсон.

Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали, како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други каде што редовно неговите настапи во рецитал, концертен репертоар и камерна музика добиваат високи пофалби од критиката.

– Првпат настапувам на фестивалот Охридско лето, но слушнав дека е најреномиран фестивал со многу концерти на звучни имиња од светот на музиката. Инаку, во Македонија сум настапувал трипати заедно со Македонската филхармонија – додаде Сејсон.

Неговата непоколеблива посветеност кон харфата му ги заработи највисоките меѓународни признанија. Во моментот тој е соло харфист на операта „Метрополитен“ во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија1 час

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет2 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија3 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ3 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет3 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет5 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија17 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија19 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија21 час

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија23 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија23 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија1 ден

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија1 ден

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија1 ден

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија1 ден

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ1 ден

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ1 ден

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа1 ден

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...