Daily news
Постои по нешто што може да го изнервира секој човек во светот и да го извади од такт, па прочитајте што најчесто ги иритира хороскопските знаци. Овен Овните генерално ги нервираат ситници и досадни мали нешта, како на пример сообраќајниот метеж или долгите редици во маркетите. Понекогаш ќе се случи и да пропцујат, но нервозата брзо им поминува. Бик Може да биде изнервиран поради недостаток на секс, гужва, лошиот вкус на другите луѓе и непознавањето на општествените правила за однесување. Исто така, може да ги извади од такт и несигурната финансиска состојба. Близнаци Близнаците ги нервираат арогантните луѓе, песимистите, луѓе со ограничени погледи, луѓе кои немаат смисла за хумор. Не им се допаѓа кога некој постојано ги прекинува или кога ќе се најдат во ситуација каде мораат да молчат. Рак Не им се допаѓа кога се гладни, кога им е жешко, кога им е ладно, или кога не се соодветно облечени. Не сакаат провокација, неправда и неблагодарност. Ги нервира кога некој не го почитува нивното мислење . Лав Ги иритира дебелината, работа за време на големи жештини и недостатокот на пари за луксуз. Исто така ги „вадат од кожа“ ситуациите во кои некој се покажува поуспешен од нив. Девица Ги иритира неред, доцнење, неодговарање на телефон, луѓе кои постојано се жалат и плаќањето на сметките. Исто така, може да „збеснат“ ако треба да го променат својот распоред. Вага Не сакаат кога некој им вика, или кога се однесуваат кон нив без трошка почит. Се нервираат кога не можат да ги искажат своите ставови, а кога се незадоволни со нивниот изглед тие едноставно полудуваат. Шкорпија Ги нервира кога луѓето ќе им позајмат нешто им нема да им вратат. Мразат кога луѓето шират лаги за нив. Тајните им одат на нерви. Стрелец Не им се допаѓа лажење, приговарање и луѓе кои се обидуваат да им ги контролираат животите. Тие не сакаат да бидат постојано дома и тоа ги иритира ако немаат можност да уживаат во своето хоби. Јарец Тие не го сакаат несоодветно однесување на другите луѓе, друштва кои не им се по желба, ирационалното однесување на луѓето и трошење големи суми на пари. Исто така, ако не можат да им веруваат на своите блиски. . Водолија Водолиите не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат според правила, не им се допаѓа кога другите ги исмејуваат, поради тоашто го зборуваат или начинот на облекување. Најмногу се лутат кога партнерот или некој близок ќе ги изневери. Риби Тие не сакаат сарказам и провокација. Им се качува притисокот кога луѓето не го ценат нивниот труд. Се нервираат кога бараат паркинг, како и кога добиваат ниќни повици за исполнување на некои свои мали слатки желби.
Фират Гилген, претседател на Управниот одбор Калинос Холдинг, кој извезува важен дел од турските серијали и филмови, изјави дека и понатаму извезуваат серии и филмови во над 50 земји, како и дека лани првпат влегле на пазарите на Украина, Пакистан, Русија и Кина, а дека во тек се и преговори околу форматот со латино-американските земји, јави Турската радио телевизија.
– Не мислам дека Арапската пролет влијаеше на извозот на турските серии – вели Гилген, додавајќи дека поради најновите настани во Сирија и Египет спречени се емитувањата на турски серии на некои телевизиски канали во овие заливски земји, но дека не дошло до губење на бројот на гледачите.
– Емитувањето на серии во другите земји на Северна Африка и понатаму продолжува. Се надевам дека овие проблеми ќе се надминат во следниот период бидејќи турските серии наидуваат на голем интерес во тој регион. Така, и ако дојде до намалено емитување на ТВ каналите, луѓето ги следат преку интернет. Од таа причина сметаме дека интересот на гледачите не е намален.
Истакнувајќи дека турските серии и понатаму се емитуваат во над 50 земји, Гилген вели дека моментално најгледани серии се Како што минува времето, Сулејман Величествениот, Изгубена чест, Девојката по име Фериха, Карадај, Исток и Запад, Страстите на ориентот.
Гилген објасни дека кога се впуштил во авантура на продажба на турски серии почнал со цена од 30 до 50 долари по епизода, а сега таа бројка се движи од 500 до 2000 долари. Претпоставувам дека извозот на турските серии на крајот на 2013 година ќе надмине вредност од 150 милиони долари, рече Гилген.
Гилген истакна дека на странските пазари најголем удел имаат драмите, љубовните и семејните серии, а дека комедиите и акционите серии не се соодветни за странство. Тој ја потенцираше серијата Сулејман Величествениот, која како што рече, внела целосно нов дух во секторот. Серијата која говори за важен историски период, која преку приказна на една жена, со разни костуми, декор и логика на снимање, е понудена на гледачите. Гилген објасни дека оваа серија е напишана врз основа на претходно снимена серија Тудорс, како и тоа дека забележала голем успех.
Околу серијата на Фатих, Гилден рече дека се уште е рано да коментира.
– Потрошениот труд и пари навистина се големи. Фатих Аксој се осуди да направи нешто што до сега никој не го направил. Се надевам дека ќе успее во тоа. Ако биде успешна, серијата сигурно ќе го заземе заслуженото место во странство, бидејќи филмот го продадовме во многу земји. Нашиот најголем проблем во историските серии се сценаријата.
Секојдневните серии можат да се прилагодат и да се преведат со помош на странски извори и на некој начин да се постигне гледаност, но кога се работи за историска тема, се случува да не бидат добро објавени подготовките или погрешно да се замисли фикцијата. Ако обрнете внимание на серијата Сулејман Величествениот, ќе видите дека тоа е серија која е далеку од историските факти, каде гледаме приказна на борба за власт на жените во харем, но наспроти тоа постигна одличен резултат. Критики беа упатени бидејќи серијата се фокусира на приказни од харемот, наместо на походите на султан Сулејман. Исфрлете ги костимите, султан Сулејман и султанија Хурем нека бидат во главна улога, ќе видите дека темата на серијата не е поинаква од серии на секојдневието – вели Гилген.
Земји во кои и понатаму се извезуваат турски серии се:
Авганистан, Германија, Албанија, Австрија, Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Босна и Херцеговина, Брунеи, Бугарија, Алжир, Чешка, Кина, Индонезија, Естонија, Мароко, Грузија, Хрватска, Косово, Кувајт, Летонија, Либија, Литванија, Либан, Унгарија, Македонија, Малезија, Египет, Узбекистан, Пакистан, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Сирија, Тајланд, Тајван, Тунис, Украина, Оман, Јордан, Виетнам, Јемен и Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.