Daily news
Правобранителството се сомневало во вештачењата на СЈО
Државното правобранителство барало да се провери вештачењето за предмет во предистражна постапка што го нарачало СЈО за имотно побарување под изговор дека државниот орган не пријавил дека има штета. Ова е само една од причините што ги посочи јавниот обвинител Стевчо Донев на денешниот настан за практичната примена на конфискацијата на имот, со кои се соочува тимот на Катица Јанева. „Ние бевме вчудовидени од таквиот одговор“, рече Донев. Тој нагласи дека постојат правни недоречености и неусогласеност со Законот за кривичната постапка за постапување на обвинителите кога е во прашање конфискацијата на имот или имотно-правно побарување. Во друг случај, пак, судот барал обвинетиот да се произнесе за имотното побарување, иако станува збор за постапка која е итна.
Обвинителот Донев посочи дека зад предлогот за имотно-правно побарување претходно стои лоциран недвижен имот, како и вештачење на овластен проценител. Обвинителот на СЈО праша како проценителот, без да ги види и фотографира недвижностите кои се предмет на имотно побарување, да направи процена на имотот. Судот за предмети на СЈО оценил дека при вештачењето не се почитувани критериуми за процена, што, како што рече Донев, не е во опсегот на работа на судот. За судот да го прифати барањето за имотно побарување во предметите на СЈО, требало да се докаже дека имотот почнува да се распродава за да има основа за обвинителството да бара конфискација.
Истражителот од СЈО, Атанас Карјаковски, изјави дека како човек што доаѓа од Управата за финансиска полиција, во СЈО имаат многу работа и предмети што се однесуваат на финансиски истраги. На конференцијата говореа академик Владо Камбовски, американсиот судија Пол Бајрон, професорката Лажетиќ-Бужаровска, професорот Тодор Витларов од Вишото јавно обвинителство од Штип и обвинителот Стевчо Донев, обвинител од СЈО.
„Макфакс“ веќе објави дека СЈО бара да им се конфискува имотот на Груевски, Протоѓер и Димовски за 2,2 милиона евра доколку бидат осудени во предметот „Титаник“.
В. Маглешов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.