Контакт

Daily news

Премиерот на Доминика: Кажете му на светот дека Доминика е уништена

Објавено пред

Вториот ураган, кој за помалку од еден месец ги погоди Карибите, утрово преминал во највисоката категорија 5. Засга е погодено малото острово Доминика.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, ураганот Марија со огромна сила удрил во малиот карипски остров Доминика. „Ураганот што ги корне покривите“, наведува агенцијата, „се движи кон Девствените острови и Доминиканската Република, кои ќе бидат погодени в среда и четврток“.

Засега нема извештаи што се случува на островот Доминика, кој има околу 72.000 жители, но премиерот на Доминика, Рузвелт Скерит, кој во живо го следи движењето на ураганот преку својот профил на „Фејсбук“ напишал: „Ве молам, кажете му на светот дека Доминика е уништена“.

Тој објавил дека секој со кого имал можност да разговара останал без покрив, дека сè било уништено и дека очекува кога ќе се раздени, да се појават и првите жртви. Тој рекол дека веднаш ќе тргне во обиколка за да се утврди штетата.

Ураганот Марија им се заканува и на островите Гвадалупе, Сент Китс и Невис, Монсерат, Доминика и Света Луција, каде што се издадени предупредувања за опсаност. Во Порторико се подготвени 450 засолништа за најмалку 68.000 луѓе. Училиштата се затворени, а државните установи работат со скратено работно време.

Марија се движи по речиси истиот пат по кој на почетокот на месецот помина ураганот Ирма од петта категорија, кој го опустоши целиот овој регион.

Развојот на ситуацијата будно се следи и на американските и на британските Девствени Острови, на островите Свети Мартин, Свети Бартоломеј, Саба, Свети Еустахие и Ангвила. Некои од овои острови сè уште ги санираат штетите од Ирма, ураган што однесе 37 животи и кој предизвика голема материјална штета. н.ц.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Регион2 часа

Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно...

Македонија3 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ3 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет3 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет4 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија5 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура5 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија16 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија18 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија19 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија20 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија20 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија22 часа

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ23 часа

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија23 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија24 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија24 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија1 ден

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија1 ден

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...