Daily news
Претседателски избори во Франција
Французите денеска гласаат на претседателски избори кои можат да ја одредат иднината на Европската унија. Изборниот терен е пренатрупан и непредвидлив и според некои медиуми, доколку анкетите се точни тогаш барем четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7-ми мај.
Двајц аод нив се цврсто убедени дека Франција треба да ја реформира фундаментално Европската унија, а едниот вели дека земјата можа и целосно да ја напушти ЕУ. Марин Ле Пен започна да се подготвува за овие избори уште откако го презеде раководството со екстремно десниот Национален фронт од нејзиниот татко Жан-Мари е Пен во 2011 година. И покрај прогнозите дека таа ќе ги загуби во вториот круг, поддржувачите на ЕУ стравуваат дека Ле Пен може да обезбеди трет изнендаувачки популистички изборен триумф по британското напуштање на Унијата и по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. 48-годишната Ле Пен ја застапува позицијата дека Франција треба да се откаже од еврото, да ја преобрази или напушти ЕУ и најмногу да и стави крај на миграцијата.
Најмладиот меѓу кандидатите кој е и фаворите за победа на вториот круг е 39 годишниот Емануел Макрон, кој е поранешен министер по економија во владата на актуелниот претседател Франсоа Оланд. Макрон се залага за оптимизам онаму каде Марин Ле Пен игра на чувства на страв. Тој е цврсто за ЕУ и вели ека Франција треба да се обиде да ја придовие Германија на своја страна.
Конзервативецот Франсоа Фијон е еден од четворицата кандидати. Тој е за кратење на работни места во јавната администрација за половина милион луѓе, за укинување на ограничувањето за 35-часовна стандардна работна седмица и за покачување на возраста за пензија од 62 на 65 години.
Сите погледи во Европа, а и надвор од неа, денеска ќе бидат свртени кон Франција, кога ќе започна да излегуваат првите резултати.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.