Daily news
Природен феномен на Балканот: Реката Неродимка се влева во две мориња
Бифуркацијата на реката Неродимка, која извира од планината Језерце во косовската општина Урошевац, е единствен пример во Европа каде што една река се влива во две мориња кои се оддалечени десетици илјади километри.
Северната гранка се влева во реката Ситница, продолжува до реките Ибар и Морава, па преку Дунав се влева во Црното Море. Втората, јужна гранка, преку реките Лепенец и Вардар се влива во Егејското Море.
Оваа природна реткост е многу привлечна за научниците и за посетителите и има големо образовно, научно и туристичко значење, а од 1979 година е заштитена со закон како посебен природен резерват кој опфаќа околу 13 хектари.
„Ова место е природно, никој не се сеќава од кога. Европската Унија помогна да се реновира, но сепак треба уште да се средува, иако сега е во мошне добра состојба. Како прво, треба да има повеќе вода. Треба да се среди коритото, да се исчисти и да се гледа водата, а не тревата како што е сега“, рече Шабан Каштањева, географ кој неколку децении ја следи и ја одржува реката Неродимка.
Тој вели дека на ова место не се посветува доволно внимание. На пример, туристите никаде во Урошевац или на влезот во градот, кој е лоциран во централно Косово, на патот од Приштина до Скопје, не можат да видат знак за бифуркацијата.
„Еден муслиман од овие простори отишол на аџилак. Таму некој Арап го прашал од каде е, а тој одговорил дека е од Косово. ‘Слушнав’, му рекол Арапот, „постои место во Косово каде што водата од некоја река се одвојува и повеќе не се спојува. Таму да се молиш е исто како да доаѓаш тука на аџилак“, раскажува Каштањева.
И покрај сè, секојдневно бифуркацијата ја посетуваат голем број луѓе речиси од целиот свет. Вреди да се спомене дека повеќето од нив доаѓаат од Турција, земјите на ЕУ, а од Косово тука доаѓаат многубројни ученици.
Бифуркацијата се смета за вештачки феномен, но се создава под исклучително поволни природни услови за кои не се преземаат никакви посебни технички мерки.
Реката се дели на два тека кои не се спојуваат, туку течат во разни речни сливови.
Во светот е исто така позната бифуркацијата во Бразил. Станува збор за каналот Казикјари, кој ја поврзува реката Ориноко со Амазон во Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.