Daily news
Проблеми што ги имаат жените со голем задник
Ретко кога целосно ви одговараат некои фармерки
Големи се шансите дека тие ќе бидат преголеми во еден дел, а премали во друг. Доколку ви се точни кај половината, кај бутините изгледаат како дека ќе пукнат секој момент, ако ви се точни кај колковите, областа кај половината секогаш ви стои отворена.
Чувствувате и љубов и омраза кон панталоните кои се растегнуваат
Тие се толку удобни, но не можете да ги носите никаде без да чувствувате дека со нив привлекувате премногу внимание.
Кратките панталони постојано ви се качуваат нагоре додека одите
Со нетрпение чекате да се најдете во ситуација каде што никој не ве гледа со цел да ги спуштите надолу, а истото се случува со здолништата.
Не можете да облечете фармерки без процесот „скокни и повлечи“
Редовно скокате низ вашиот дом во обид да ги облечете вашите тесни фармерки.
Вие сте познати како девојката со големиот задник
Постојано се нервирате зошто никој не ви се обраќа со вашето име.
По секоја пуштена машина за алишта, вие сте убедени дека вашата облека се смалува, а не дека вашиот задник се зголемува
Постојано ја одржувате истата тежина и нема друго логично објаснување за тоа што се случува.
Тесните фармерки не се ваши пријатели
Тесните фармерки изгледаат многу убаво на куклите во излозите, но секој пат кога вие ќе се обидете да ги облечете сфаќате дека тие едноставно не се за вас. Со ниската половина и самиот дизајн на овие фармерки едноставно во нив нема доволно место за вашиот задник.
Имате потешкотии кога треба да поминете покрај луѓе за да стигнете до вашето седиште на стадион или во кино
Има толку малку простор помеѓу нив и вашиот задник што потребно е да бидете премногу внимателни со цел да не ги удрите нив или нивните пијалаци на поминување.
Мразите да се качувате по скали пред други луѓе
Идејата дека вашиот задник е на иста линија со лицето на некој странец е доволно застрашувачка, затоа постојано го одбирате лифтот.
Невозможно е да одговорите на прашањето „Која големина носите?“
На различен дел од вашето тело му прилега различна големина, па токму затоа мора да правите различни комбинации на облека или, пак, дополнително да ја поправате откако ќе ја купите со цел да „легне“ соодветно на вашето тело.
Или сте научиле да шиете или сте потрошиле многу пари на кројачи
Досега не се случило ниту една купена облека совршено да одговара на формата на вашето тело.
Морате да вложите повеќе труд во вежбалница за да се изборите со гравитацијата
Никој не сака виснат задник, па токму затоа постојано вежбате со цел да го одржите вашето тело во форма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.