Daily news
Пo Бутел, Шилегов Денеска во Сарај и Аеродром
Целокупниот општествен и државен систем во Република Македонија беше воспоставен да партијата биде над државата и над граѓаните. Веќе во изминативе четири месеци граѓаните на Македонија може да видат дека политиката може да работи сосема поинаку, суштината токму и на овие локални избори е да ги вратиме граѓаните во центарот на збиднувањата, бидејќи не можете да решите нечии проблем од канцеларија, рече кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов, за време на посетата на општината Бутел, каде вчера се сретна и разговараше со граѓани на штандот пред пазарчето.
Шилегов ги посети дуќаните и пазарчето во ТЦ Живко Брајковски.
„Морате да ги видите луѓето, да разговарате за нивниот проблем и потоа да донесете заедничка одлука со луѓето, со граѓаните. Конкретно, за младите во Скопје, во инфраструктурата која што во објектите којшто пропаѓаат, а се во сопственост на градот или во зоните во којшто е тоа можно да се изведе со минимални вложувања, верувајте доколку имате искрен приод ќе ги создадеме така наречените младински „хабови“, каде што за почеток на бизнисот и за задржување, за застанување на две нозе на бизнисот, младите ќе ја добијат поддршката од градот, ново отворените фирми создадени од младите лица ќе бидат, симболично како за почеток, за поддршката, ослободени од комуналните такси.
Во тие „хабови“ ќе биде доведена целокупната инфраструктура и ќе биде ставена на новите фирми на услуга на достап за субвенционирање, да не речам по бесплатни цени со цел да младите луѓе се охрабрат и самите го создадат своето работно место за да не работат за 12.000 денари“, истакна Шилегов.
Во партиски простории на ОО СДСМ Бутел, Шилегов оствари средба со жените од општината. Во текот на вчерашниот ден, Петре Шилегов ги посети Визбегово и Љуботен, каде оствари повеќе средби со граѓани.
Седмиот ден од кампањата, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ја посети општина Аеродром, а денот ќе го започне со средби во Општина Сарај.
Точно на пладне, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи на Форум на граѓани. Шилегов заедно со Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Билјана Секуловска -Габер ќе говорат пред граѓаните.
Во општина Чаир, во 13:30 часот, Петре Шилегов ќе се сретне со кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу.
Во 17.30 на игралиштето зад Т.Ц. „Три Бисери“ на отворената трибина Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Мартин, ќе зборуваат за урбанистичкото планирање во Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.