Собранието денеска нема да ја продолжи седницата на чиј дневен ред како втора точка е разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Иако седницата беше закажана, спикерот Талат Џафери ја откажа седницата за да ја најави в понедлник, во 11 часот, но кога точката за разрешувањето на Зврлевски ќе дојде на дневен ред, не може да се предвиди.
ВМРО-ДПМНЕ вчера ги расцепка пратениците во 10 пратенички групи со што доби во време и можност во недоглед да се одоговлекуваат дискусиите во Собранието. Според Деловникот, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути. Координатори на пратеничките групи се: Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.
Од ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор за точката на дневен ред каде треба да се дискутира околу давање дозвола на народниот правобранител Иџет Мемети можност сам да вработува, неврзан со законите за јавна и државната администрација.