Контакт

Daily news

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана – серијата „Македонија“ се снима

Објавено пред

Изјавата што денска ја даде владиниот портпарол, а се однесува на стопирање на снимањето на серијата „Македонија“ поради констатирани нерегуларности, предизвика реакција кај продуцетот Винко Грубишиќ од „Јадран филм“. Тој на јавноста ѝ се обрати преку соопштение и го тврди спротивното, најавува дека серијата се снима и ќе биде завршена, а во буџетот на Македонија ќе се вратат 200.000 долари од нејзината дистибуција.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа пригода ви се обраќаме во врска со последните информации објавени во јавноста за проектот на играната серија „Македонија“, кои се далеку од вистината, а наша цел е да ја запознаеме македонската јавност со вистинските факти и аргументи. А тоа е следното:

„Јасно е видливо дека некој од свои причини на сосема некоректен начин погрешно ја информирал Владата на РМ. Тоа е отидено толку далеку што дури и портпаролот на Владата на денешната прес-конференција изнесе сосема неточна констатација дека воопшто не сме ја снимале серијата. Тоа е потполна невистина за што јавноста ќе ја увериме во спротивното. Поради оваа објавена невистина, ние многу порано од тоа што планиравме на интернет ќе објавиме делови од снимениот материјал сè со цел да ја докажеме вистината и да покажеме дека некој неточно ја информирал Владата. Сметаме дека после тоа имаме полно право да очекуваме дека оние што свесно и намерно ја измамиле Владата треба да одговараат за предизвиканата штета.

Според Грубишиќ, не е вистина дека средствата се потрошени ненаменски.

„Сите потрошени средства што се доделени од страна на Агенцијата за филм се наменски и не постои никаков доказ кој говори спротивно на ова! Истовремено, информираме дека целосниот финансиски извештај јасно покажува дека доделените средства се трошени во согласност со одредбите од договорот и Законот за филмската дејност – строго наменски за потребите на претпродукција и продукција на првата сезона од серијата.

Од„Јадран филм“ ветуваат дека јавно ќе објават каде и како е потрошен секој денар и тврдат дека во серијата исто така вложиле и вложуваат сопствени средства.

„Бараме пред членовите на Владата на РМ да ги презентираме сите документи и целиот проект, вклучувајќи ги и доказите што јасно потврдуваат кој и зошто ги измамил Владата и целата македонска јавност. Ова што се случува е само кулминација на предизвиците и пречките со кои екипата на серијата е изложена веќе подолго време. За овие пречки набргу ќе ја известиме целата македонска јавност“.

Од продуцијата жалат што проектот за серијата „Македонија“ е изложен на негативна кампања.

„Поради сето ова, изминатиов период веќе презедовме низа правни и други заштитни мерки и поведовме постапки пред надлежни органи и институции. Серијата ја подготвуваме веќе една и пол година. Во нејзината реализација работеа и работат голем број соработници од Република Македонија и од целиот свет. Концептот на серијата континуирано добива неподелени позитивни критики во Македонија и светот за што говори и фактот за веќе договорената дистрибуција во 9 земји во светот“.

Меѓу другото, во соопштението од „Јадран филм“ се вели дека серијата од нејзината дистрибуција ќе врати повеќе од 200.000 долари.

„Исто така, се гордееме на фактот дека серијата ‘Македонија’ ќе биде прикажана во целиот свет, што е една од стратешките цели на овој проект. Во договор и согласност со соработниците ние јавно ќе ги објавиме и сите елементи на буџетот и тоа ќе го побараме од сите копродуценти. Немаме што да криеме. Тоа ќе го направиме и за динамиката на снимање, која спротивно од изнесените информации е поинаку договорена – за што исто така имаме докази што ќе ги објавиме“, стои во соопштението.

Наводно, деновиве ќе бидат објавени и трејлерот и крајот на снимањето, па сите ќе се увериме за каква и колкава продукција станува збор.

„Тие што на ваков начин се обидуваат да ги измамат Владата на РМ и македонската јавност добро знаат дека со закочување на продукцијата може само да се изгуби огромна сума финансиски средства и со намерно предизвикан скандал да се нанесе штета од несогледливи размери со огромен број судски спорови. Но, ние сме тука и гарантираме дека серијата се снима и ќе биде завршена“.

„Македонија“, вели Грубишиќ, е навистина посебна љубовна приказна. „Серијата е исто како и македонското општество, инклузивна и отворена и во неа на секој начин учествуваат сите што творат во македонското општество. Драматуршката структура на серија во серија потсетува на рашомонијада и во никој случај нема никаква врска со тензичната интерпретација за која се шпекулира во јавноста. Во тоа сами ќе се уверат гледачите во Македонија и светот“, тврди тој.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет4 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет11 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет11 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет11 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет11 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет12 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...