Daily news
Рокот за консултации и сугестии на ЕНЕР зголемен од 10 на 20 дена
Рокот за консултации на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР (ener.gov.mk) се зголемува од 10 на 20 дена, одлучи Владата на последната седница. Одлуката придонесува најголем дел од предлог-законите задолжително да се објавуваат на регистарот пред да одат во владина постапка.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, рече дека во период од 20 дена јавните корисници ќе имаат шанса да ги испраќаат своите коментари и на тој начин да се вклучат во креирањето на новите предлог-закони со цел да го подобрат нивниот квалитет.
– Со оваа одлука на Владата се придонесува и за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите. Зголемувањето на рокот за консултации има цел да поттикне поголема вклученост на граѓаните и на пошироката јавност во подготовката на прописите за коишто тие самите се заинтересирани. На тој начин креаторите на политиките ќе носат одлуки засновани на аргументи и во консултација со граѓаните – рече Манчевски на прес-конференција.
Тој додаде дека во согласност со програмата на Владата, со целосна примена на ЕНЕР, ќе се овозможи системски и отворен дијалог и со бизнис-заедницата затоа што консултациите придонесуваат за градење меѓусебна доверба, развивање на квалитетот на демократијата, но и подобрување на процесот на креирање на јавните политики.
Манчевски рече дека сите закони што ќе одат во редовна постапка задолжително ќе одат на ЕНЕР и дека ќе се залагаат воопшто да нема или, како што рече, само во екстремни случаи да одат предлог-закони во скратена постапка кога ќе нема друг избор.
– Досегашната пракса беше поинаква. Собранието и претходната Влада најчесто ги носеа законите по скратена постапка. Само во периодот од 2011 до 2016 година над 50 проценти од законите се носени во скратена постапка. Екстремен случај е 2015 година кога над 70 проценти од сите закони се носени во скратена постапка. Оваа пракса на Собранието и Владата не им давала шанса на граѓаните да коментираат, да даваат свои сугестии и препораки на објавените предлог-законски решенија преку ЕНЕР. Граѓаните не беа вклучени во подготовката на најголем дел на предлог-законите. Тоа време заврши – рече министерот за информатичко општество и администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.