Контакт

Daily news

Руска туристичка организација ја демантира Москва: Ова е политика, а не факти!

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Руска туристичка организација ги демантираше тврдењата на официјална Москва дека Русите се непожелни во Црна Гора и дека престојот за нив таму може да биде непријатен.Реални поводи за ваквите тврдења, соопшти портпаролката на оваа организацијаИрина Тјурина, нема и дека сосема спротивно – руските туристи се очекуваат во земјата.

“Денес ги контактиравме Русите, соработници на туристичките компании во Црна Гора, во контекст на подготовките за туристичката сезона, како и Русите кои живеат и работат во Црна Гора. Никој од нив не забележал никакви негативни реакции во однос на граѓаните на Русија,. Тоа не постои таму дури и на ниво на разговор. Спротивно, сите очекуваат многу руски туристи “, изјави Тјурин.Таа додаде дека туризмот е важен елемент во приходите на Црна Гора и поради тоа сигурно нема да ја “сече гранката на која седи.”

Еден од водечките руски портали за туризам напиша дека, според мислењето на експертите, во соопштението на Министерството за надворешни работи пренесено од портпаролката Марија Захара не постојат факти и дека туристите немаат причина да се плашат.

“Јас сум сега во Црна Гора и нема никакви дејствија што може да се карактеризираат како непријателски. Се работи очигледно за длабока политика и тешко дека таа навистина ќе влијае на туризмот. Јас не гледам никаква основа за антируско расположение”, изјавил исто така портпаролот на компанијата „Пакс„, Максим Лобанов.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија28 минути

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија36 минути

Активни девет пожари во државата: се уште гори во Чучер Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт1 час

Вимблдонска приказна која треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет3 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа3 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат низ Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија3 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија12 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија13 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија15 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија16 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија16 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија19 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија19 часа

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија19 часа

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија22 часа

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија22 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион1 ден

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Пожарот во Чучер-Сандево е целосно изгаснат, денеска фокусот ќе биде гасењето на пожарот во Дојранско

Рано утрово пожарот кој три дена гореше во атарот на општина Чучер-Сандево е целосно изгаснат. Сè уште се гледа чадење...