Контакт

Daily news

Руски воени бродови стигнаа на воена вежба на Филипини

Објавено пред

Бродови на руската морнарица стигнаа на Филипините поради заеднички вежби во склоп на новите надворешно политички амбиции на претседателот Родриго Дутерте да му се приближи на традиоционалниот соперник Вашингтон. Крстосувач вооружен со ракети “вајраг“ и танкер “Печенге“ се наоѓа во четиридневна посета на Филипините, што е второ пристаниште кое руски бродови го посетиле во последните три месеци, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Тој чекор е дел од тоа што Дутерте го нарекува “независна надворешна политика“ диктирана со уставот. Дутерте не ја крие својата лутина кон САД, а пријателството со Кина и Русија го постави како приоритет, анализира Ројтерс.

Директорот на филипинската морнарица, Луед Линцуна изјави дека Филипинците се надеваат оти ќе научат нешто од Русите за време на активностите и демонстрирањето на напредната технологија и системите на вооружување.

Москва сака да и помогне на Манила во борбата против екстремизмот и пиратите, засилувајќи ја соработката и обуката на подрачјата каде Филипинците соработувале со САД.крај/мф/в.д



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Пратеникот Сулејмани си поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците,...

Свет2 часа

(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку...

Македонија3 часа

Два земјотреси утринава ги разбудија граѓаните на Охрид и на Струга, епицентарот во Пештани

Два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија4 часа

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде...

Македонија5 часа

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Голем број граѓани од различни региони на Македонија утрово пријавија неочекуван прекин на електричната енергија, кој започнал нешто по 5...

Македонија6 часа

Наутро минус, а попладне пролет

Неделата ќе започне со утрински температури од -1 до 8 степени, при што во повисоките места и на планините ќе...

Свет20 часа

Трамп пресече: Понеделник ќе биде „Денот Д“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник, 19 мај. Разговорот со...

Македонија22 часа

Таравари: Не сме навикнати да бидеме декорација, така беше во Владата

Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето...

Македонија23 часа

Ноќва ќе се смрзнеме, УХРМ предупредува за минусни температури

Наспроти најавите за потопло време, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека ноќва и утре изутрина температурите во некои делови...

Економија23 часа

„Шахтерм“ ќе инвестира 50 милиони во Скопје, прва фабрика надвор од Турција

Со поставување камен темелник денеска официјално започна реализацијата на инвестицијата на турската компанија „Шахтерм“, производител на грејачи и отпорници за...

Економија24 часа

„Мудис“ го урна највисокиот рејтинг, Трамп во незгодна ситуација

Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво „Ааа“ на „Аа1“, наведувајќи...

Свет1 ден

Путин го откри планот за октомври, а кој нема да му се допадне на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин ги покани лидерите и генералниот секретар на Лигата на арапските држави да учествуваат на првиот руско-арапски...

Економија1 ден

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра,...

Македонија1 ден

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи...

Свет1 ден

На заробените Украинци им вадат и бушат нокти, им сечат прсти, им вадат очи со лажица…

Војната во Украина, која започна во февруари 2022 година со руската инвазија, трае повеќе од три години и има сериозни...

Македонија1 ден

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во западните делови од...

Економија2 дена

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…...

Свет2 дена

Главниот преговарач на Москва се огласи и испрати порака: Русите секогаш го добиваат своето

Војната и преговорите во историјата отсекогаш се воделе истовремено, изјави шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник...

Македонија2 дена

(Видео) Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март...

Македонија2 дена

Обвинителите објавија нова видеоснимка на која Манев се враќа по лопата: „Однапред се подготвувале за убиството на Вања“

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година,...