Daily news
Самитот во Трст ќе ги придвижи евроинтеграциите на регионот

Самитот „ЕУ – Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 12 јули во Трст, ќе помогне за придвижување на евроинтеграциите на регионот и ќе донесе конкретен исчекор во однос на неговото инфраструктурно и економско поврзување – рече на денешната прес-конференција во ЕУ инфо центарот амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.
Тој истакна дека самитот е организиран на највисоко ниво и на него ќе учествуваат покрај премиерите на шесте земји од Западен Балкан и министрите за економија и транспорт и високи претставници на ЕУ и на ЕК, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јохане Хан, како и еврокомесарот за транспорт Виолета Болц.
– По неколкуте тензии сега политичката слика во регионот е попозитивна. Се надевам дека Трст ќе донесе едно придвижување, исчекор и важен пресврт, дека ќе придонесе да се смени перцепцијата за ЕУ во регионот, и обратно на ЕУ спрема регионот. Се надевам дека лидерите на шесте земји ќе дојдат во Трст во добар дух и со конструктивно расположение и ќе ја искористат политичката можност што ја дава овој самит да се потврдат себеси како реформски и проевропски лидери, рече амбасадорот Ромео.
Според шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар, пак, ЕУ последната година посветува значајно внимание на регионот што се потврдува со посетите на Могерини и Хан на земјите од Западен Балкан, како и на средбите на лидерите од шесте земји во Брисел. Тој нагласи дека за тоа сведочат и обезбедените 1,3 милијарди евра за Западен Балкан, средства кои треба да се искористат до крајот на 2020 година за проекти во областа на инфаструктурата, енергетиката, животната средина, и на иновациите.
Прашан за постигнатата основа за компомис за договорот меѓу Македонија и Бугарија, Жбогар рече дека за да се одговори на ова прашање треба да се потсети на формирањето на самата ЕУ, чија срж е формирање добрососедски односи.
– Потребно е сите земји да ги решат билатералните прашања со соседите и со земјите членки на ЕУ во регионот. Никогаш нема да погрешите ако инвестирате во пријателство со соседите. Мора да имате круг на пријатели околу вас. Првите чекори се навистина охрабрувачки. Ние не сме вклучени во договорот, но се наведаме дека ќе биде финализиран и потпишан до август. Тоа ќе покаже одлучност на самата Влада за повторно да го гради овој круг на пријатели со соседите, рече Жбогар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.