Контакт

Daily news

Сведоштва на повредените новинари: Тепаа со што ќе стигнат – се спасуваше кој како знае!

Објавено пред

Исцрпени, удирани и денеска во болки и згрозени од глетките кои долго нема да можат да ги избришат од свеста, а кои не можеа ниту да претпостават дека може да им се случат додека ја извршувале професионалната задача, сведочат за вчерашните настани во Собранието. Сите новинари и сниматели при налетот на хулиганите бегале кој каде ќе стигне, се криеле по канцелариите на Собрание, зборувале тивко, се координирале како да излезат. Сликите наликувале на сериозна заложничка драма, уште повеќе што безумните насилници се однесувале непредвидливо.

dobivaj vesti na viber

На сите страни летале микрофони, камери, мобилни телефони, сталаци за камери па „за оружје“ бил употребуван и дел од ентериерот на Собранието, како столови, маси и друго.

Сите се согласни дека во тоа безредие немало трошка здрав разум, а во апсолутната анархија се спасувал кој како знае и умее. Оние кои ги нападнале, прво прашувале од кој медиум се, за потоа наводно да направат проценка кој е за тепање а кој не“.

Новинарот Кристијан Ландов од редакцијата на Макфакс бил најправо заплашуван со вербални закани и провокации:

Демонстрант кој стоеше покрај мене ми се обрати со Гнасо шиптарско соросоидска, од ТВ21 си, а? Има да те лежам, излегувај одма од овде заашто мртов ќе те носат“, ова е само краток дел од целата трагедија, вели Ландов. Тешко, болно и налудничаво чувство. Не знаеш како да помогнеш. Доаѓаш до момент да влечеш пратенички затоа што само тоа ти преостанува доколу сакаш не сакаш да гледаш како страдаат. Крвнички напад. Цицање до последна капка. Болно и тоа премногу! Те ставаат во карантин додека не дојде полиција да те спаси. Хорор филм!

Покрај многуте напади, еден ми остана в памет, продолжува Ландов „Меѓу демонстрантите имам пријатели, ги знам. Не е до нив. Над нив е. Не сум никој и ништо да правдам некого. Но, по ваквите напади и физички пресметки, сфаќам на кое дереџе сме. Најниско. Ова што денес го видов, разбуди револт. Огромен. Слика која не се заборава. Она што ни остана додека спасувавме жива глава беше да се надеваме дека сите се живи и здрави. А за криминали, се одговара. Во суд. Истиот оној кој функционира врз основа на законодавниот дом, кој денес го претворивте во кланица.Кое подобро утро?

 

Новинарот на агенцијата „Мета“ Димитар Тануров го искуси истото. Откако го прашале за кого работи, почнале да го тепаат со тупаници и клоци.

Бев нападнат додека фотографирав како тепаат други околу мене. Ме нападнаа кога дознаа дека работам за Мета новинска агенција. Ме легнаа на земја и со клоци и тупаници ме удираа најсилно што може. Ми го одзедоа и телефонот, сведочи Тануров.

 

Снимателот на „Макфакс“ Никола Ордески, кој моментно е хоспитализиран во Клинички центар, е во стабилна состојба по здобиените удари по глава. Претрпел голема траума и благ потрес на мозокот.

 

„Иако се обидував да се сокријам, невозможно беше да се побегне. Додека снимав добив удар позади, во нозете и во главата. Се соземав некако и сакав да продолжам да снимам, но ме спречи вртоглавица. Ми помогнаа колегите и заминав на ургентен. Не бев ни свесен колку е сериозно, кога во текот на ноќта имав страшни болки и повраќав. Оваа состојба не се опишува, а потресните сцени уште долго ќе ми бидат во сеќавање“, вели 21-годишниот Ордески кого го водел репортерскиот инстикт да ја пренесе вистината на јавноста.

 

Новинарките на телевизијата 24 Вести, Душица Мрѓа и Наташа Стојановска, кои со часови се обидувале да се засолнат и, за среќа, поминаа неповредени, сведочат дека насилниците маскирани со црни капи, точно знаеле каде одат и со каква цел.

 

„Од тоа што можеше да се види, евидентно е дека насилниците беа координирани. Се движеа низ Собранието со јасна цел и намера. Знаеја од каде влегуваат и каде треба да излезат додека сите други, особено новинарите бараа начин како да спасат жива глава“.

 

До овој момент официјалната бројка на повредени новинари е десетмина од кои двајца со потешки последици. крај/мф/ав

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки...

Македонија56 минути

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем....

Европа2 часа

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за...

Uncategorized2 часа

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

Голем број беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ Европа во последните недели, предизвикувајќи тревога поради повторените упади со дронови...

Свет2 часа

(Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на...

Свет2 часа

Хамас предаде уште две тела на заложници, израелската армија идентификуваше едно

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го идентификуваа телото на еден од заложниците вратени од Хамас како дел од договорот за прекин...

Македонија3 часа

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна...

Македонија18 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ21 час

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија22 часа

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија23 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија24 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија1 ден

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион2 дена

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија2 дена

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија2 дена

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ2 дена

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ2 дена

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија2 дена

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...