Контакт

Daily news

Серија кривични дела на крвавиот четврток во Собранието – Коневски: Бев да видам што се случува

Објавено пред

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски беше еден од државните фунцкионери кои  на крвавиот четврток беа во зградата на Собранието . Тој, заедно со пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски и адвокатите Сашо Дуковски и Александар Наков гостуваа во Топ Тема-На ваша страна. Откако Коневски, беше запрашан што правел тој ден во Собранието, градоначалникот најпрво го осуди насилството, а потоа кажа дека педесет дена бил дел од протестите на „За заедничка Македонија“

dobivaj vesti na viber

„Јас влегов подоцна, откако завршија немилите настани. Прочитав на интернет дека се случуваат немилите настани, па пробав да видам што се случува, но не успеав од полицијата и големиот број на граѓани да стигнам онаму каде се случуваа тие настани и излегов надвор“, вели Коневски.

Откако Градоначалниот на општина Аеродром, ги обвини пратениците на СДСМ, дека извршиле политичко насилство во Законодавниот дом, Фросина Ташевска-Ременски го запраша, а потоа и го корегираше, што по дефиниција значи тоа.

„Политичкото насилство се дефинира како индиректна или директна закана кон личности и групи како политички опоненти, во различни облици на психо-физичко малтретирање, терор, вооружен бунт, тероризам и сите форми кои што ги гледавме на 27 април  во Собранието. Ако веќе зборуваме што барале овие луѓе, а јас слушнав дека оние кои влегоа во пленарната сала заедно со вашите пратеници прогласија народно Собрание, поттикнати од Никола Груевски си презедоа самовластие своите раце. Овие се избрани претставници на народот?! Ако зборуваме за повикот за одбрана на Република Македонија, Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељановски, Митко Чавков и другите, испуштија многу важна работа, непочитувањето на институциите кои што се задолжени за гарантирање на безбедноста на граѓание и одбрана на Македонија. Тогаш, се прогласува воена состојба, а не го зема народот она што не му следува, а во овој случај видовме зема многу за право“, вели Ременски во репликата упатена до Коневски.

Адвокатот Дуковски се согласи со Ивица Коневски дека законот треба да важи еднакво за сите.

„Апсилутно не е доволно што некој изразил доволно, тоа што некој изразил жалење. Сега влегле граѓани, блиски до ВМРО бидејќи не биле задоволни поради начинот на кој што била прекршена процедурата и бил избран претседатеот на Собрание. По истиот тој резон, еден ден кога СДСМ повторно ќе биде опозиција и нема да биде задоволна од нешто што го направило ВМРО, ќе викне свој луѓе и ќе се случат убиства. Значи, една модерна правна држава не може така да функционира. Тоа е срам за Македонија. Ниедна работа во светов не е толку света, за вие да влезете и физички да ликвидирате човек, па макар да е чистачка во Собранието, а не пак пратеници. Каков е тој излив на насилство и милион кривични дела? Случајно ја гледав снимката кај што го влечат Зијадин Села, а тоа ме потсети кога го убиваа Гадафи и тоа било учество во толпа. Морам да кажам, ова е најсрамниот ден за македонската полиција. Овде немаше владеење на право, ниту било каква свест“, вели адвокатот Сашо Дуковски.

Адвокатот Александар Наков во Топ Тема, рече дека како македонец, но и како христијанин се згрозил од настаните, кој како што вели, станало јасно дека се претходно испланирани.

„За мене е важно правото и владеењето на правото. Тој ден, внатре имаше анархија. Не влегуваа луѓе, туку орли кои беа спремни да убиваат. Дури, за тоа се води истрага. Ќе дојдат до сознанија и ќе видите дека биле спремни, бидејќи имаше оружје по подот, имаше шипки по подот и други работи кои што укажуваа на спремноста на луѓето за тоа како да реагираат спрема противникот. Таму во целост потфрли полицијата, на чело со Чавков. Јас тој човек не можам да го гледам никако, освен во најскоро време како затвореник во Шутка. Како поранешен јавен обвинител, се срамам од моите колеги, бидејќи тие имаат залутано во обвинителството. Зврлевски и Ѓешковска треба час поскоро да си одат, а тоа ќе биде корисно за државата. Тие се заштитници на криминалот во Македонија“, вели поранешниот јавен обвинител, сега адвокат, Алексадар Наков.

Наков вели дека имало сторено серија на кривични дела, како што се обид за убиство, насилство, тешки телесни повреди итн. Според него, кога работите се гледале од страна, се посочувало кон тоа дека работите можеле да бидат фатални./крај/мф/кл

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија3 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Македонија4 часа

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата...

Топ4 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Македонија5 часа

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ6 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион8 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа9 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа9 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет10 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет10 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет10 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет10 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија19 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија19 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија23 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија1 ден

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ1 ден

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија1 ден

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....