Daily news
Силуваното тринаесетгодишно девојче од домот „25 Мај“ имало макро
Силуваното тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“, имало макро, според неговите изјави давани во полиција, а за кои информира и Министерство за труд и социјална политика. МВР и дополнително истражува дали девојчето доброволно ги вршело сексуалните дејства бидејќи тоа посочувало лица со име и презиме за кои велело дека со нив е во љубовна врска, а потоа ги менувало изјавите. Тоа повеќепати било пријавувано како исчезнато од страна на старателот назначен по службена должност кога претходно била земена од биолошкото семејство. Од страна на МВР било забележувано и приведувано на коцката кај МКЦ, а потоа од домот „25 Мај“ било однесено во Безбедната куќа каде што се сместуваат жртвите на сексуално насилство и потоа по своја волја да го напушти овој згрижувачки шелтер-центар. Министерството за труд и социјална работи вели дека за посочената малолтеничка имало посебна грижа, но без резултати. Секојпат кога девојчето исчезнувало од домот, старателот пријавувал во МВР. Според изјавите што девојчето ги давало во МВР, а за кои информира МТСП, тоа од лице што го знаело било носено во пет општини во Македонија каде што давало сексуални услуги, но некогаш било и сексуално малтретирано.
Од Европскиот центар за правата на Ромите велат дека девојчето било принудувано на сексуални односи од страна на вработен во домот „25 Мај“, а министерката Мила Царовска го негира ова. Таа вели дека тоа го потврдуваат и изјавите на девојчето што ги давало во полиција во неколку наврати. Девојчето посочувало лица со кои доброволно имало секс, а во одредени случаи било и присилувано. Ова се случувало од септември минатата година па досега. Министерството негира дека девојчето било принудно земано од објектот на домот.
Старателот и институцијата не можеле да му го ограничат правото на движење, ниту да го спречат во преземените дејства бидејќи домот „25 Мај“ е институција од отворен карактер. Старателот случаите ги пријавувал во МВР, а девојчето било згрижувано и во шелтер-центарот за трговија со луѓе, од каде што по негова желба било вратено во домот. Според законските регулативи, старателот не смеел да му го попречи движењето.
Тринаесетгодишното девојче било одземено од своите родители во 2011 година поради питање, а потоа до 2016 година било во 5 семејства, каде што не можело да се адаптира. Неговите родители имале и деца што починале како последица од конзумирање дрога. Абортусот е направен по желба на девојчето, а одлуката била на старателот.
МТСП информира за овој случај по вчерашната реакција на Европскиот центар за правата на Ромите, кој наведе дека девојчето било принудно земано од постар маж вработен во институцијата, а потоа го носел во друг град каде што било силувано. МВР во текот на денот ќе излезе со детали од постапувањето по пријавите за оваа малолетничка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.