Daily news
„Стоп за ВМРО-ДПМНЕ“: Коневски лаже, скршените прскалки се во Карпош
Ивица Коневски се правда дека тревниците се исушени и прскалките не работат затоа што аеродромци ги уништуваат. Коневски објавува фотографии од скршени прскалки во Карпош и лажно тврди дека сликите се од Аеродром. Манипулира и ги клевети граѓаните со надеж дека така ќе ја затскрие својата неспособност и ќе си го оправда неработењето, велат од движењето „Стоп за ВМРО-ДПМНЕ“ во Аеродром.
„Но, граѓаните ги препознаа обидите на Коневски за манипулација и гласно реагираа. Тие на самото соопштение на Ивица коментираа дека e недозволиво татко на општината вака да ги клевети граѓаните.
„Вакви постови од сериозна институција се во најмала рака срамни. Ако се сомневате дека некој тоа намерно го прави, поставете камери, барем тоа се работи брзо и не кошта многу, ова не е шума, туку урбано место. А да злоупотребувате и обвинувате без докази и така јавно по ФБ да објавувате, срамота… голема срамота. Заборавате дека не сте обичен партиски член туку, институција претставувате. Ако сте сигурен во сработеното, терајте чиста кампања, а не оваа мизерија да им ја сервирате на граѓаните.“
Го препознаа очајниот обид на Ивица да го скрие своето лошо работење зад лажни обвинувања.
„Дај бе не гушете со празни флоскули… Пред сѐ системот за наводнување барем во околината каде што јас живеам функционираше само 6 месеци. По тој период секна и наводнување и сѐ. Дај бе опрајте се, доста е со политичка кампања… Системот треба да се одржува.. Вие што правите… го пуштивте преѓеска во 3 саат за да видите дали функционира… или самиот се пушти после неколку години. Се однесувате како деца кои не знаат како па ете тој бил крив, па МВР не си ја вршело работата. Ајде прво прашајте ги своите нелегално уценувани општи работници кои се ангажирани со договор на дело, кои немаат ниту здравствено ниту пензиско осигурување, а ги малтретирате 6 дена во неделата за минималец на снег дожд и горештини… На истите им доверувате машини полуисправни за косење со кои системот нормално е оштетен и уништен… Опрајте се или изгубете се…“
Граѓаните препознаа и дека фотографиите од оштетените прскалки што Ивица ги објави, воопшто не се од Аеродром, туку од Карпош.
„Скршените прскалки на фотографијата се од Карпош 3, а не Аеродром… поздрав“
Граѓаните веќе нема да молчат пред лагите и неспособноста на Коневски, се додава во реакцијата од „Стоп за ВМРО-ДПМНЕ“ во Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.