Времето во Македонија утрово е променливо облачно, во западните делови на повисоките планините има локални врнежи од снег, а на пониските места има локален дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Најстудено е во Берово каде се измерени – 3 степени, во Лазарополе – 2, во Маврово – 1, во Крушево и Крива Паланка 0, во Штип еден стеопен, во Претор, Тетово, Ѓуриште, Демир Капија, Пожаране, Тополчани, Струмица и Дебар два степени, во Скопје, Прилеп, Охрид и Битола три степени, во Виница четири степени и во Гевгелија и Дојран пет степени.
Во Маврово има четири сантиметри снег, додека во Крушево еден.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови на земјава. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да биде повеќе од 30 литри на метар квадратен.
На повеќето места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, повеќе изразен ќе биде во западните подрачја.
Температурата ќе се движи од – 2 до пет, а минималната од 2 до 9 степени.
Скопје, облачно со врнежи од дожд, во утринските и вечерните часови ќе има услови и за повремено проврнување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи до пет степени.
Времето во наредите денови ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со повремен слаб дожд, а на планините и на некои повисоки места ќе има усллови за повремен слаб снег.