Daily news
Тимот на ФЕИТ освои трето место на натпреварот „Лаб вју“
Факултетот за електротехника и информациски технологии изминативе два дена беше домаќин на седмиот балкански натпревар по „Лаб вју“ (LabVIEW) на кој учествуваа 23 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.
Натпреварот по LabVIEW се состои од социјален натпревар, поединечен натпревар и екипен натпревар. На социјалниот натпревар победи тимот „Vitamin B“ составен од студентите Константин Кузмановски од Македонија, Кристина Аврамовиќ од Србија, Матеј Ногиќ од Хрватска и Гашпер Божиќ од Словенија.
Тимот на Електротехничкиот факултет од Белград освои прво место во екипниот натпревар на седмиот балкански натпревар по LabVIEW – графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки, кој во изминатите два дена се одржуваше на Факултетот за електротехника и информациски технологии
Меѓу седумте екипи учесници на натпреварот, на второ место се пласираше тимот од Техничкиот универзитет од Загреб, а третото место го освои домаќинот – ФЕИТ.
Екипата на ФЕИТ ја сочинуваа студентите Константин Кузмановски, Илија Ивановски, Ведран Симовски, Илир Селмани, Николчо Петковски и Мино Тодоров. Натпреварот се состоеше од програмирање хардвер и софтвер кој треба да одговори на детални барања од проектната задача и трае вкупно четири часа.
Покрај екипен, имаше и социјален и поединечен натпревар. На социјалниот победи тимот „Витамин Б“ составен од студентите Константин Кузмановски од Македонија, Кристина Аврамовиќ од Србија, Матеј Ногиќ од Хрватска и Гашпер Божиќ од Словенија. На поединечниот натпревар најуспешни беа студентите: Михајло Бјекиќ од Белград (прво место), Крис Лучетиќ од Загреб (второ место) и Марио Лучан од Загреб (трето место). Студентите од ФЕИТ Мино Тодоров, Ведран Симовски и Николчо Петковски ги освоија петтото, шестото и седмото место од 23 натпреварувачи во поединечна конкуренција.
На натпреварот годинава учествуваа 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија избрани како најуспешни студенти од LabVIEW академиите на земјите учеснички. Покрај натпреварувачите, секој тим беше придружен и со двајца професори (ментори) кои учествуваат во координативните активности за реализација на натпреварот и дефинирање на проектната задача.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.