Контакт

Daily news

Тркалезна маса за состојбите на ромската популација

Објавено пред

Ромскиот ресурсен центар и Центарот за семејно и детско згрижување „Атина“ ја организираа денешната тркалезна маса во рамки на проектот „Градење а посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, финансиран од Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

На тркалезната маса „Наоди од целисходни истражувања за состојбите на ромската популација“ учесниците имаа можност да ги слушнат сублиминираните податоци кои влијаат на вклученоста на децата Роми во формалното образование, од спроведените истражувања. Главните заклучоци се резултат на тримесечната работа на истражувачите со поддршка од страна на РРЦ и КМОП, и даваат исклучителни податоци во однос на капацитетите на граѓанските организации, генералните проблеми со кои се соочува ромската популација, како и легислативните рамки за образовна вклученост на децата Роми. 

Наодите од анализата и проценката на капацитетите на граѓанските организации кои работат во областа на образовна инклузија на Ромите укажува на потребата од: професионално усовршување на сите ангажирани лица во граѓанските организации, зголемување на менторската поддршка во организациите при спроведување на одреден проект и изведување на сите негови делови и фази, поддршка на некои граѓански организации во процесот на подготвување на стратегиски документи и зајакнување на капацитетите за нивна имплементација, како и зајакнување на соработката на граѓанските организации со институциите на локално и национално ниво и вмрежување на работата на повеќе граѓански организации со цел изведување поголеми проекти во подолг временски период. 

Клучни наоди од Романи мапа велат дека, согласно сознанијата добиени од стручните служби од основните училишта и Секторите за образование при општините, меѓу најдоминатни фактори кои негативно влијаат на образовната инклузија на учениците Роми се вбројуваат: ниското образовно ниво на родителите, нискиот социо-економски статус на семејствата, недоволното познавање на македонскиот јазик, непосетувањето на предучилишно образование, нередовноста во училиштето и др.

Испитаниците укажуваат на потребата од зајакнување на капацитетите за вклучување на учениците од поголема возраст во основното образование преку воннаставни активности и изготвување на посебни скратени програми, како и потреба за интервенција на наставниците за работа со „ранливата група на ученици“. Како најефективни наставни форми и методи за поддршка се бројуваат скратени програми за ученици кои не се вклучени во образовниот процес и се во поодмината возраст, како и соработката со родителите. 

Главни заклучоци од анализата на легислативната рамка се: постојното национално законодавство за заштита на правото на ромските деца на формалното образование е сеопфатно и широко усогласено со стандардите на ЕУ. Иако, генералните слабости главно се поврзани со имплементацијата, а не се однесуваат на самата законска регулатива, во рамките на оваа анализа се предлагаат низа мерки кои на долг рок би придонеле за унапредување на образовната инклузија на децата Роми, помеѓу кои се вбројуваат: отстранување на правните бариери за дополнителен упис во матичната книга на родени, унапредување на законските механизми за поддршка на децата со ниски постигнувања во училиште, регулирање на задоцнет упис во прво одделение, воведување на дополнителни мерки за реинтеграција на учениците кои биле провремено отсутни од училиште поради престој во странство или сезонска работа и др.

Комбинацијата од локалното искуство на Ромски Ресурсен Центар и интернационалното искуство на КМОП, Атина, до сега се покажа како одлична и води до резултати. Одличната етаблираност и резултатите од терен во работата со Роми на РРЦ во Македонија, и долгогодишната работа на КМОП „Атина“, која имплементира активности од 1973, укажува на силно партнерство од кое се очекува да се преточи во уште повеќе иницијативи за подобрување на статусот на Ромите во Македонија, но и на други маргинализирани групи граѓани.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија52 минути

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија1 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет1 час

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет1 час

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет3 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет3 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет4 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет4 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа4 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија17 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија18 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија19 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија22 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија22 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија23 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија23 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија23 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија1 ден

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...