Daily news
Трогателна исповед – До докторот кој рече дека никогаш нема да имам дете!
Седев гола на столицата за преглед, на себе имав само хартиена наметка, со тенок слој на тоалетна хартија под мене, за да ја собере крвта која течеше заради мојот спонтан абортус. Се завиткував со хартиената наметка, сакајќи да покажам достоинство, иако бев свесна дека тоа истече од мене, побрзо од крвта од спонтаниот абортус. И не постоеше ништо на светот што ќе го запре истекувањето на достоинството.
“Три до пет проценти”, рече. Ова беа предвидувањата кои ми ги даде за износување на бременоста до крај и носење на свет живо и здраво дете. Ги поткрепи своите предвидувања, со мојата фактичка ситуација: имав 41 година и го доживував својот трет спонтан абортус во текот на 18 години, никогаш не сум имала бременост износена до крај и тоа што имав утерини фиброиди.
Ти не ме познаваше. Ме немаше видено никогаш, пред тој ден. Дојдов два пари на гинеколошки преглед. Првиот пат имаше биење на срцето на бебето и ми кажа дека 90% се ќе биде ОК. Два дена подоцна, срцето на бебето престана на чука.
Веќе беше предоцна. Седејќи на твојата столица за преглед, крварејќи толку силно што хартијата остана залепена за столицата, кога конечно собрав сила и станав за да се облечам, ти ги искористи овие факти против мене. Не беше тоа злобно, о не. Тоа беше професионално! Ладно. Не видов сочувство во твоите очи. Всушност не ми се гледаше пред очи.
Не помнам се’ што рече. Зборуваше дека треба да се оперирам за да ги отстранам утерините фиброиди. Те прашав дали може да се зголеми можноста да ја износам бременоста до крај. Само се насмеа иронично: “На твоја возраст? Кој може да го гарантира тоа? Можеби има шанси, но се многу мали”. Рече дека сакаш да ги провериш моите резерви на јајце клетки. До ден денешен не знам што е инволвирано во таа процедура, бидејќи се исклучив. Не можев да слушам повеќе. Сакав само да заминеш за да се облечам и да си одам дома.
Ми закажа уште еден преглед, на твое барање, на кој не дојдов. Се облеков, излегов од ординацијата и не се скршив се додека не влегов во мојот автомобил. Три до пет проценти. Ги знаев веќе овие бројки, ги имав прочитано во повеќе статии на интернет, отколку што можев да замислам. Ти ме гледаше како статистика, како бројка, како жена во поодминати години, која само ја поткрепува теоријата за неможноста да се стане мајка на тие години. Ти виде некој на кој му треба операција, тестови и тешка шлаканица на реалноста.
Погледнав во огледалото и видов очајна жена со полни очи солзи, која очајно сака дете. Но видов и жена која нема да се предаде. Не се уште…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.