Daily news
Фестивалот за креативни индустрии „Скопје Креатива 2017“
На фестивалот од 4 до 6 мај во МКЦ, доаѓаат врвни светски дизајнери што ќе одржат работилници и предавања во рамки на програмата.
Меѓу гостите на „Скопје креатива“ е Фрaнк Циренберг, проeктен директор на IF DESIGN AWARD (International Forum Design), настан што има завидна 64-годишна историја во областа на дизајнот. На презентацијата на „Скопје креатива 2017“ тој ќе ја претстави оваа престижна награда за дизајн, како и глобалната платформа за дизајн и наградата за талентирани студенти по дизајн.
Михал Пиерниковски, директор на престижниот „Лоѓ дизајн фестивал“ во Полска. Овој фестивал е роден во Полска во 2007 година како локална иницијатива за подоцна да прерасне во еден од најголемите културни настани во земјата. Тука се отвораат актуелни прашања поврзани со уметност и дизајн, а меѓу активностите што се одржуваат се конференции и изложби, како и конкурс за дизајнери од различни земји. Пиерниковски е ентузијаст во областа на урбаните активности и дизајнот, организатор е и коорганизатор на многу проекти поврзани со креативните индустрии како што се (Ad Days Advertising Festival, Creative Industries Conference, Art Inkubator and Fotofestiwal). Коосновач е на „Лоѓ арт центар“, член на тимот што работи на промоција на дизајнот надвор од границите на матичната земја.
Теодор Лихо, познат бугарски визуелен уметник, дизајнер, истражувач и едукатор. Работи на Софиската академија за уметности, отсек за адвертајзинг и дизајн, а работи во областа на графичкиот дизајн, стратегии за развој на адвертајзинг кампањи, нови медиуми и современи уметнички форми. Студирал на Sofia Gymnasium of Fine Arts (1980-85 г.) и на Sofia Academy of Arts (1987-92г.). Постдипломски завршил на Free University во Брисел (2008-2009), а држел мастер класи во Холандија, Германија и Франција. Во својата работа се фокусира на социјална провокација и поигрување со стереотипите. Живее и работи во Софија и во Брисел.
Сониа Јојиц, албанска дизајнерка, која во моментов предава на одделот за архитектура и дизајн на Универзитетот Полис во Тирана, Албанија. Магистрирала на Вејн Стејт Универзитетот во Мичиген, САД, во областа на медиуми, комуникации и дигитална уметност, а се образувала и на Универзитетот на Ферара, Италија, каде се фокусира на методологиите на брендирање за одржлив туризам.
Јојиц е една од главните организатори на конференцијата „Улогата на креативните индустрии како инструмент за економски развој и регионална соработка CEI (Central European Institute), на „Tirana desgn week, 2015“, координатор на „Идната платформа за архитектура“ во Албанија. Редовно организира работилници во Албанија, Италија, САД, како и на Балканот. Универзитетот Полис во Тирана, Албанија, каде што предава, од 2006 година во фокусот ги става креативните индустрии низ истражувања во областа на архитектурата и дизајнот, посебно посветувајќи внимание на едукација на студентите и нивно инволвирање во локални и јавни проекти и програми за научно истражување. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.