Контакт

Daily news

Филмски скандал (втор дел): Дали серијата за Шатев ќе ги оправда милионите?

Објавено пред

По принципот кучињата лаат карванот врви, и покрај бројните неразјаснети околности под кои е одобрена и платена серијата „Македонија“, нејзиното снимање почна. По пишувањата на „Макфакс“, во кои се отворија многу прашања за досега најскапата серија што е одобрена од домашната Агенција за филм, ветото за информации што досега го имаше, нештата полека се расплеткуваат, но и натаму е мистерија каде се средствата одобрени за четири сезони (дознавме дека тоа се однесува на сценаријата), што е преседан кога станува збор за договори од ваков карактер.

dobivaj vesti na viber

Официјално, хрватската продукцијата „Јадран филм“ и нејзиниот сопственик Винко Грубишиќ досега добиле 80 отсто од средствата за првата сезона и овие пари се одлеале во подготовките и претпродукција.

До овој момент склучен е анекс-договор за исплата само за првата сезона од серијата, за која е одобрен максимален износ до 85.000.000 денари, при што се исплатени 80% од истите за подготовка и реализација на првата сезона. Исто така, со таа динамика на исплата треба да се продолжи ако има позитивен извештај за трошењето средства, односно истите се во согласност со доставениот буџет од страна на продуцентот. Значи, сумата од 4,6 милиони евра или 280.000.000 денари би била исплатена ако има реализација на договореното.

Ако се направат груби пресметки, една сезона би го постигнала буџетот колку што чини еден просечен македонски игран филм, или во случајов и овие милиони не би биле доволни за 130 епизоди.

Се спомнуваат бројни рецензенти на сценариото, кое е неколкупати сменето, потоа дефинирање локации, менување режисери и продуцентски имиња во земјава кои ќе ја преземат работата. Во процесот на работа е исто така спорно како се добиваат средства за едни потписници за вршење на работата, а потоа се појавуваат други.

Конечно, за оваа серија пред две години имало јавен повик од Агенцијата за филм, како проект од национална важност, на кој Јадран филм „победила“  со најдобро сценарио. Деновиве ќе се обелодени која комисија во филмската институција одлучила за продукцијата од Хрватска, иако таа досега нема реализирано ниту една серија, а за епизодите на „Гричка вјештица“, што ја работи по популарните романи на Марија Јуриќ – Загорка, во Хрватска ја следат многу контроверзии поврзани со пари добиени под чудни околности.

Во демантот што по нашите пишувања го испрати поранешната директорка на Агенцијата, Мими Ѓорѓоска-Илевска, таа ги образложуваше административните постапки за склучување договори.

„Во врска со критериумот изводливост на аудиовизуелното дело во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање, евалуациите се вршат од страна на финансиски советник (согласно со член 24 од Законот) кој пополнува евалуациони листи со бодови и дава свое мислење за секој проект одделно. Филмскиот совет врз основа на целокупната документација произлезена од постапката на евалуација, а согласно со член 22 став 3 алинеја 2 му дава мислење на директорот на Агенцијата кои проекти доставени на конкурс врз основа на постапката по конкурс треба да бидат прифатени, односно одбиени по конкурсот“.

Според наши сознанија, финансиски советник на директорката бил наводен продуцент со блиски роднински врски во раководството на тогашната владејачка партија, инаку речиси анонимен во оваа дејност. Но, ги чекаме официјалните документи кои ќе можат да ја потврдат оваа информација.

И покрај сè, продуцентот Грубишиќ најавува одлична серија која ќе биде професионално сработена.

Агенцијата за филм била предупредена за ризикот во кој влегува.

Како што дознавме, поранешната директорка на Агенцијата за филм била предупредена од сродната филмска институција во Хрватска за можниот ризик за соработка со „Јадран филм“. Испратен е допис за регионална меѓуколегијална размена на информации, во која ѝ е предочено за кредибилитетот на куќата што добива средства од Македонија.

Сите овие искази на неговите филмски колеги од Хрватска Грубишиќ ги толкува како обид за реваншизам и штитење лични интереси, и ветува спектакуларна серија која би имала одлична дистрибуција во светот. Спомнува и холивудски актери и тврди дека сите рецензенти, чии имиња сè уште не ги знаеме, се изјасниле дека оваа серија би постигнала планетарна гледаност. Каде е тука националниот интерес на Македонија што бил пресуден за потреба од реализација на ваква серија? Дали преку некои интригантни детали во сценариото светот да дознае за нашата историја, или очекувањата се таа да заработи, исто така е нејасно.

Интересот на Грубишиќ за Македонија е од 1983 година

Објаснувањата на Грубишиќ се дека тој оваа серија ја работи со „голема љубов“ бидејќи, како што вели, „уште од далечната 1983 година го заинтригирале некои делови од македонската историја“.

Што се однесува до фабулата на сценариото, првиот негов автор Грубишиќ вели дека  главниот историски лик во оваа серија, Павел Шатев, е централен лик околу кој се плетат трилер приказни, некои базирани на историски факти, а некои оставени на креативната слобода. Главно тоа треба да биде некоја возбудлива трилер историска серија, која се работи со сосема нов пристап  во продукцијата и креативниот дизајн. За динамиката на работа, продуцентот вели дека овие пари се едвај доволни, и оптимални во споредба со бенефитот што таа ќе го донесе.

На овој начин „Јадран филм“ го „оправдува“ ангажирањето на помалку или воопшто неафирмирани имиња од филмската дејност кај нас.

Екипата која моментно се подготвува за да падне и првата клапа за серијата е во интензивна работа. Режисерите што моментно ќе работат на „Македонија“ се Игор Алексов и Стојан Вијучиќ. Извесен режисер Зоран Петровски, кој е потпишан како режисер, повеќе не е во игра.

Контактиравме еден од режисерите на серијата, познат по реализација на воени драми во Хрватска, Кристијан Милиќ, кој ни одговори дека во овој момент нема никаков ангажман и дека не знае кога почнува снимањето.

Исто така, во кастингот што е дефиниран минатиов месец за една од водечките улоги, т.е. најзначајната,  ликот на Павел Шатев, е решено да биде македонскиот актер Емил Рубен, а снимена е и првата музичка подолга, чии автори се држат во тајност.

  • Како автор на оригиналниот концепт на серијата и делови од сценариото врз основа на кој е прифатен проектот, тврдам дека тоа ги избегнува сите делови и контроверзности што имаат каква било пропагандна порака, како што се шпекулираше во јавноста. Станува збор за американски модел и таа креативна парадигма што ја носи тој е раширена на сите делови и епизоди. Креативната екипа на серијата заврши одлична работа, ни рече Грубишиќ.

„Јадран филм“ ја преживеал транзицијата, немал долгови и обезбедил гаранција за „Македонија“.

А што се однесува до влогот што тој нужно треба да се обезбеди, кога продуцентот влегува во партнерски договор со Агенцијата, тој вели дека е обезбеден со странските партнери,  а заработката се очекува од успешната дистрибуција.

  • Довербата што ни е дадена во целост ќе ја оправдаме, а пред целата јавност стоиме со нашата продукција, која годинава бележи 70 години работа и постоење, и „Македонија“ ќе биде реализирана на големо задоволство на сите, тврди Грубишиќ, кој во демантот по нашите пишувања се извини поради тајноста што ја имаше серијата со што отвори многу простор за неоправдани шпекулации.

Потсетуваме дека доминантниот удел во некогаш националната продукција „Јадран филм“ тој го добива по нејзината приватизација. Потеклото на парите со кои ја купил и денеска не е разјаснето, иако имало обид за тоа.

Во последниве години тој се посветува на „Јадран филм“ , очекувајќи од пропадната продукција да направи влијателен произведувач на филмови и ТВ серии. Грубишиќ е, како што вели, горд што тоа е единственото студио од просторите на поранешна Југославија што ја преживеало транзицијата во источна Европа.

  • Сите други банкротираа. „Јадран филм“ имаше купишта проблеми, не само финансиски. Имав избор да го направам невозможното – да го спасам ЈФ или да го распродадам и врз основа на тоа да се збогатам. Како човек од филмот и некој што своето детство го помина во оваа куќа, решив да го спасам. Се замерив со многумина што сакаа ЈФ да пропадне. Во таа битка успеав да ги вратам долговите, и се свртев кон интернационални проекти. Овие два филмски серијали ќе бидат најатрактивни во изминативе децении, ни рече Грубишиќ.

За неколку филмски наслови се обидува да влезе во копродукција со кинески продуценти ( за римеик на „Валтер го брани Сараево“), и најавува реализација на серија по познатиот роман „Гричка вјештица“ по делото на Марија Јуриќ – Загорка. Сепак,  неколкупати е предупреден дека поради големите долгови, „Јадран филм“ ќе мора да оди во стечај.

Приоритетна ревизија на овој проект во Агенцијата за филм

Во меѓувреме, македонската Агенција за филм доби нов директор, кој овој спорен проект ќе треба да го стави под лупа. Наводно тој е еден од приоритетните за да се утврди регуларноста на работата на доскорешното раководство. Ќе се утврдува кој проценил за националната важност на серијата „Македонија“, кој го читал сценариото и дали и колку средства за неа досега се одлеани.

Дел од македонските соработници на „Јадран филм“ ни рекоа дека работата тече непречено и нема никакви индикации дека таа ќе биде стопирана. Во очекување сме на документите што ќе можат конечно да ги разјаснат нештата со „Македонија“ и извесноста дали ова навистина ќе биде иновантна серија што ќе нè промовира во светот или се игри без граници на регионалните продукции за умешно да „прелеваат“ пари.

А. Василевска

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за...

Свет20 минути

(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток....

Македонија32 минути

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија48 минути

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет1 час

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет2 часа

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет2 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија13 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија14 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија20 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија21 час

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија21 час

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија21 час

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија21 час

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија22 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија24 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија24 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија24 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...