Контакт

Daily news

Фредерик Бегбеде: Во земја каде што се тепаат за власт се чувствувам како дома!

Објавено пред

Еден од највлијателните француски и европски романсиери на денешнината за првпат гостува во Скопје, каде што го промовира неговиот најнов роман „Уна и Селинџер“

dobivaj vesti na viber

Фредерик Бегбеде (51) е еден од најпопуларните претставници на француската и европска книжевна сцена. Насловите „399“, „Љубовта трае три години“, „Романтичен егоист“, „Уна и Селинџер“ се дел од неговите 11 романи, и спаѓаат меѓу најпродаваните и во македонските книжарници. Но, тоа се романи кои го сменија книжевниот пејзаж. Заедно со Мишел Уелбек и Жорж Перек, Бегбеде е перјаница на тн. постнатурализам во новиот француски роман.
„Вчера (четврток) беше навистина тежок ден, имаше бркотница и тепачка, веројатно се расправаа дали ја ќе пристигнам во Скопје или не“, Бегбеде со саркастичен хумор, типичен за неговиот романескен стил, го отвори синоќешниот разговор со група професори, новинари, издавачи и студенти во Францускиот институт, чиј гостин е. Вечерва (сабота, 29 април 2017) од 19.30 часот Бегбеде има настап пред публиката во „Јавна соба“, во организација на неговиот издавач на македонски јазик „Три“, каде што ќе го промовира македонското издание на неговата најнова книга „Уна и Селинџер“.
„Се надевав дека ќе дојдам во земја каде што владее спокојство, бидејќи доаѓам од Франција, земја во која сите се борат за власт. Но, кога пристигнав во Македонија, се почувствував како дома!“, продолжи Бегбеде во неговиот стил.
Како Бегбеде го коментира неговиот книжевен успех? Тој вели дека започнал да пишува на рана возраст, првиот роман го објавил кога имал 24 години. Продолжил да пишува, но и многу да чита, се занимавал со книжевна критика, пишувал за разни магазини, имал ТВ емисија за книжевност, бил директор на изданија во познатата куќа „Фламарион“, режира, настапува како диџеј, голем колекционер е на винил плочи…

Иако има диплома по маркетинг и комуникации од престижен париски факултет за политички науки, а долги години работел во адвертајзингот – романот „399“ е посветен токму на тој свет, од кој бил „исфрлен“ по објавувањето на книгата – Бегбеде стигнал да биде уапсен заради консумирање кокаин на јавно место (од хаубата на автомобилот, подоцна преточено во „Француски роман“), неколку пати да се ожени и да биде во уште повеќе љубовни врски, да биде татко на денес 19-годишната Кло, да биде советник на некогашниот претседателски кандидат Робер Хуе од Комунистичката партија на Франција, а последниов период, покрај континуираното пишување, со автомобилскиот гигант „Фолксваген“ да работи на дизајнот на нов тип урбан автомобил. Секако, и познатиот глумец Жан Дежардан да го игра неговиот алтер-его Октав во екранизацијата на романот „399“ пред 10 години.


Колку трае љубовта?
„Гледам што се случува наоколу, пишувам со јазикот на рекламите и медиумите“, Бегбеде објаснува зошто неговите романи го ставаат на рамниште на рокенрол ѕвезда и чест гостин во телевизиските емисии и дебати, кои се заштитен знак на француската политичка и културна сцена.
По сопствено признание, Бегбеде е производ на консумеристичката ера и олицетворение на денешното општество, па тоа и го отсликува во своите романи. Бегбеде е припадник на париската елита, потекнува од буржоаско семејство, но како и секој „анфан терибл“,изнесува автобиографски елементи во своите дела.
Живее на неколку стотина метри од познатото париско кафе „Кафе де Флер“, старо собиралиште на француските интелектуелци од ерата на егзистенцијализмот. Негови редовни гости во шеесеттите и седумдесеттите години биле Жан-Пол Сартр и Симон Бовоар, а последнава деценија тоа кафе оживеа со иницијативата на Бегбеде за инаугурирање на Европска книжевна награда, „Prix de Flore“ за нови автори. Своевремено тој потег го објаснуваше со паралелата со Нобеловата награда. Ако Швеѓаните со Нобеловата награда можеле да се самопрогласат за врховни судии во светот во доменот на науката, политиката и книжевноста, зошто тогаш француските интелектуалци да не бидат книжевната „порота“ на младата Европа?

Неговиот нов роман „Уна и Селинџер“ е безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најискрена надеж и најтешки разочарувања. Главните ликови се историски личности – славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер („Ловец во р’жта“) и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи Јуџин О’Нил („Црнината и прилега на Електра“) .
Потпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Нивната врска прекинала со почетокот на војната, а веќе следната година Уна се омажила за славниот Чарли Чаплин. Би опстанала ли љубовта на Уна со Селинџер да немало војна?
Бегбеде вели дека сите негови романи започнуваат со „мали“ приказни кои се прекинати со големи настани, како тероризмот.
„Војната е политика преточена во убиства, како и денешните терористички напади“, потенцира тој.
Американското издание на книгата носи „Менхетен бејби“, а Бегбеде е автор кој многу внимава на насловите. Како „стар волк“ од маркетиншкиот свет знае дека насловот ја продава приказната, треба да предизвика дискусија, интригирајќи го читателот. На прашањето на присутните зошто со насловот на романот „Љубовта трае 3 години“ им ја крши романтичната илузија за љубовта и бракот, Бегбеде вели дека тргнал од сопственото искуство – првиот брак му траел 3 години. Секако, и натаму верува дека некоја врска може да потрае и подолго.

Пишувањето е лесно само кога не е тешко
„Постои мислење дека добриот писател постојано ја повторува истата приказна. Во мојот случај може да се каже дека се работи за одличен писател, бидејќи секогаш ја повторувам приказната за луѓето кои не можат да останат во истата ситуација“, Бегбеде со самоиронија ја објаснува сопствената литерарна постапка.
Цитирајќи го Витолд Гомбрович, славниот полски писател во неколкудецениски егзил во Аргентина, кој велел дека пишувањето е многу лесно, па затоа и е тешко да се пишува, Бегбеде вели дека проблемот на романите не е толку приказната, ликовите и заплетот, туку како сето тоа да се организира во интересно четиво.
Неговиот идеален филм или книга секогаш говори за човек кој се самоиспитува. За Бегбеде некогашниот доминантен жанр „нов роман“ во француската книжевност од втората половина на минатиот век имал проблем со претераната игра со стилот. Затоа и смета дека тој, заедно со Уелбек и Перек, се меѓу најуспешните романописци бидејќи се навратиле на раскажувањето како главна одлика на постнатурализмот. И тоа функционира, заедно со моменталната слава.
Бегбеде жали за „старите добри времиња“, кога писателите биле најважните личности во едно општество. Но, како што истражувал, утврдил дека припадниците на постарите книжевни гарди, додека биле во зенитот на творештвото, биле љубоморни на статусот на писателите од претходните ери.
„Шарл Бодлер пишувал дека книжевноста во неговото време е мртва. Од друга страна, можеби Алан Роб-Грије бил значаен книжевник од минатиот век, го запознав тој човек и ми беше драг, но на неговиот погреб присуствуваа 11 лица. На погребот на Виктор Иго присуствувале 1 милион!“, Бегбеде прави нова немилосрдна паралела за значајноста на книжевноста во различно време.
Стојан Синадинов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет16 минути

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Свет1 час

Женската хокеарска репрезентација на САД одби да присуствува на говорот на Трамп за состојбата на нацијата

Женската репрезентација на САД во хокеј на мраз, која го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и...

Европа2 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа2 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа2 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија12 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија19 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија21 час

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија21 час

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија22 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион23 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет23 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија24 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа1 ден

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет1 ден

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет1 ден

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет1 ден

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...