Контакт

Daily news

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Се фаворизира само еден кандидат, бараме одлагање на конгресот

Објавено пред

Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за нелегитимен и нетранспарентен процес за изборот на претседател на партијата. Во отворено писмо бараат одлагање на конгресот за февруари, а дотогаш предлагаат со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена. Во писмото меѓу потпишаните се Борис Змејковски, Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски и други функционери на партијата.

dobivaj vesti na viber

„Водени од желбата за побрзо консолидирање на нашата партија, водени од намерата за сеопшто обединување на сите структури и поединци од ВМРО-ДПМНЕ, водени од политичката одговорност да направиме чекори што ќе ја зацврстат и сплотат нашата партија, водени од намера побргу да создадеме услови за промена на неодговорната, неуспешна и неспособна власт предводена од СДСМ. Ние, долупотпишаните, се залагаме за принципи и вредности, а не за личности затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е една личност, не е група од неколку или повеќе личности, туку е идеја за слобода, демократија и напредок на Македонија. Имаме обврска пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но имаме и обврска пред сите граѓани на Македонија што сакаат подобра иднина на оваа држава, да проговориме јавно за да обезбедиме демократичност и фер натпревар во рамките на нашата партија како принцип и вредност за целата држава и сите нејзини граѓани.
Ние, долупотпишаните членови на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да укажеме на сериозните проблеми настанати во процесот на организирање и спроведување на конгресот на партијата, но и да понудиме решенија што ќе бидат општоприфатливи за целокупното членство на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата има потреба од нов концепт на функционирање во кој ќе се почитуваат традицијата, успесите и вградениот труд на секој член, но и ќе се дава постојана шанса на нов потенцијал. Концепт кој ќе биде гарант на демократијата во партијата и државата. Сакаме да спроведеме конгрес што нема да ја има хипотеката на демократски дефицит и нелојална конкуренција при изборот на претседател. Информациите од членството на терен говорат дека во спроведување на процедурата за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ има еден кандидат кој е очигледно фаворизиран, помогнат и поддржан од целокупната партиска инфраструктура на републичко ниво. Се користат партиски ресурси само за еден кандидат. Се врши притисок врз добар дел од делегатите да се потпишат зад кандидатурата на еден кандидат. Се праќаат и вистинити и лажни поздрави до делегатите од влијателни личности во врвот на партијата со цел добивање поддршка за едниот кандидат. Се користат закани за исклучување од партијата и од органите на партијата на лица што ќе одбијат да дадат поддршка на едниот кандидат.
Сѐ на сѐ, жалиме што мораме да констатираме дека конгресот на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 22 и 23 декември под овие околности не гарантира демократски и транспарентен процес за легитимен избор на претседател на партијата. Пред да го објавиме ова јавно писмо, некои од нас повеќепати алармиравме и разговаравме со највисоките партиски функционери, но, за жал, досега немаше никаква ефективна реакција. Поради нашата одговорност и принципите во кои веруваме, ги предлагаме следните решенија:

1. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да донесат одлука за зголемување на бројот на делегати на конгресот од 544 на најмалку 5.000 делегати, при што правото да делегираат делегати ќе го имаат месните комитети на партијата, а тоа ќе значи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го избираат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со најширок можен легитимитет;
2. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да донесат одлука за одложување на одржувањето на конгресот за 24 и 25 февруари 2018 година (да се даде шанса за транспарентна постапка и демократски натпревар, а да се избегне чувството дека некој набрзина сака да избере однапред предодреден кандидат);
3. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да назначи колективно претседателство од 3 до 5 члена, кои ќе ја раководат партијата до одржување на конгресот (за да се отстрани сомнежот дека предлогот е со цел одолжување на промените во ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време да се отстрани можноста од користење на партијата како поддршка на еден кандидат);
4. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да забранат користење на партиската инфраструктура за потребите на кој било кандидат (да се отстранат проблемите настанати во последните две недели);
5. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да овозможат делегатите да ја пријават секоја принуда, закана или притисок од кој било кандидат или негови официјални претставници и да постапува за да ги расчисти и отстрани таквите појави (кандидатите мора да покажат демократски капацитет и одговорност);
6. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да им забранат на официјални лица на раководни позиции да ја користат партиската инфраструктура во полза на еден кандидат;
7. Да им се овозможи на актуелните претседатели на општинските комитети и на актуелните пратеници да бидат делегати на конгресот.

Со надеж и силна желба за единство кон нови победи очекуваме ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на претходно закажаните седници за оваа среда и овој четврток неделава да ги уважат и прифатат овие добронамерни предлози. Доколку бидат прифатени овие предлози, на крајот победници ќе бидат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, сите местни и општински комитети. Победници ќе бидат сите граѓани на Македонија зашто ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гарант за побрзиот напредок, подобриот стандард и побрзото евро-атлантско интегрирање на Македонија. На Македонија ѝ треба силна ВМРО-ДПМНЕ, а тоа може да биде силно само ако е обединета, демократска и базирана на носечката темелна идеја за добросостојба на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека е демократска партија. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде обединета партија. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде победничка партија.

Потписници: Борис Змејковски, основач на партијата, Владо Трнталовски, основач на партијата, Васил Наумов, основач на партијата, Дијана Трнталовска, основач на партијата, Драги Арсов, основач на партијата, Ѓорги Боев, Ѓорги Наумов, Трајко Вељановски, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Иван Иванов, Благоја Деспотоски, Крсто Јовановски, Жарко Караџоски, Никола Бакрачески, Борче Стамов, Марта Арсовска-Томовска, Илчо Захариев, Трајчо Димков, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митовска, Ристо Манчев, Павле Саздов, д-р Александар Колев, д-р Горан Манојловски, д-р Александар Митов, Нола Исмајлоска Старова, д-р Милан Ристевски, Нада Ципушева, Невенка Стаменковска“, стои во писмото.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија10 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ12 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија12 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија13 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија14 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа15 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија16 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија16 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија16 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет17 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет17 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа18 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа18 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа18 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија2 дена

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...