Daily news
Хелсиншкиот комитет бара одговорност од Таравари
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост за здравствената состојба на бездомното лице Муарем Демиров, на кој му е утврдена гангрена на двете нозе и кој веќе три и пол месеци несоодветно е сместен во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Скопје во Бардовци.
И покрај ветувањето на министерот за здравство дадено на 5 јуни дека пациентот Муарем Демиров ќе биде соодветно хоспитализиран во ЈЗУ Клиника за торакално-васкуларна хирургија и ќе биде во итна програма за соодветна интервенција, а по завршувањето на интервенцијата постоперативно ќе биде сместен во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, каде што ќе биде овозможено целосно закрепнување, Хелсиншкиот комитет го нашол во лоша состојба и во несоодветна институција.
„По оваа изјава дека пациентот е во сигурни раце, тој несоодветно бил хоспитализиран во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Скопје, без да биде извршена операција и без да постојат услови за соодветна здравствена грижа. Со оглед дека не постои основ за задржување на Муарем Демиров во психијатриската болница ниту, пак, може да му биде обезбедена соодветна здравствена грижа, вработените во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Скопје, барале од Центарот за социјална работа – Скопје лицето да биде сместено во друга установа каде што ќе може да му биде дадена соодветна грижа. Особено важно е што во истиот допис се потенцира дека лицето Муарем Демиров нема психички нарушувања и не може да биде понатаму држен во ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Скопје.
Хелсиншкиот комитет бара итна реакција од здравствените институции и итно хоспитализирање на Муарем Демиров, со цел да му биде извршена итна операција и да му биде обезбедена соодветна здравстевна нега.
Бараме одговорност од министерот за здравство, Арбен Таравари, поради очигледниот пропуст во неговото работење во однос на овој случај. Со оглед на фактот дека министерот даде изјава во јавноста дека пациентот ќе ја добие целосната медицинска грижа, тој морали да биде информиран за исходот од неговото лекување и третман.
Сметаме дека поради непостапувањето од страна на здравствените институции, има основано сомнение дека е исполнето битието на кривичните дела – несовесно лекување болни (член 207) и неукажување лекарска помош (член 208) од Кривичниот законик поради што бараме Јавното обвинителство да отвори постапка по службена должност и да спроведе истрага со цел утврдување одговорност на страна на докторите што несовесно постапувале во овој случај“, стои во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.